Во обраќањето на пленарното заседание на Источниот економски форум Мун Џае Ин рече дека по доаѓањето во Владивосток видел „Бујни шуми и земја“. „Тоа ме потсети на тигарот кој трчал од Сибир до планинскиот венец во Кореја. Од старите времиња Корејците сметале дека тигарот е свето животно и многу го сакаат. Многумина мислат дека вашиот дух, господин претседателе, потсетува на духот на амурскиот тигар“, се обрати Мун на Путин. „А, моето име Ин, исто така значи тигар“, објасни претседателот на Јужна Кореја.
Според него, тој и рускиот претседател се „слични според смелоста и храброста на тигарот“: „И доколку работиме заедно и го развиваме Далечниот Исток, сѐ ќе ни тргнува од рака. Зарем не е така?“
Мун Џае Ин истакна дека потенцијалот на далекуисточниот регион е добро познат на поширокиот свет.
„Руската царица Екатерина Велика одамна знаела за потенцијалот на Сибир и на Далечниот Исток. Таа рекла: верувам дека ќе огрее нова ѕвезда на истокот од каде што треба да дојде светлината. Сега настапува нова ера, но Далечниот Исток и понатаму, како и порано, е привлечен за соработка“, истакна тој.
Зборувајќи во Владивосток, Мун Џае Ин истакна дека „атмосферата на градот му е особено пријатна: куќи на бродови, ако се погледне во насока на пристаништето на Владивосток, потсетува на градот Пусан, каде тој ја минал младоста“.
Тој додаде дека во пристаништето Пусан и понатаму запираат руски бродови со плодови од морето. Таму можат да се видат називи на продавници на руски и „може да се проба руски леб и кефир“.
На Путин му предложија да го промени називот Далечен Исток на Русија