На Путин му предложија да го промени називот Далечен Исток на Русија

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Модераторот на пленарното заседание на Источниот економски форум му предложи на претседателот на Русија да го промени името Далечен Исток на Русија, зашто тој назив повеќе не е во согласност со економската и со политичката реалност.

„Да преминеме на Далечниот Исток, иако не знам зошто ние и понатаму овој регион го нарекуваме Далечен Исток“, се запраша модераторот на пленарното заседание на Источниот економски форум Рони Чичинг Чан. „Тоа би значело дека центарот на светот и понатаму е некаде во Европа“, истакна тој.

„Сакам да потсетам дека моментално транстихоокеанската трговија по обем значајно ја надминува трансатлантската трговија, а сега економскиот пораст во светот за последниве три-четири децении во висина од 50% се обезбедува од овој дел од светот (секако, над 30% е пораст на Кина“, призна тој.

„Постои една руска изрека: доколку имате брод, тој треба да го има вистинското име, така што се прашувам зарем не треба сега рускиот Далечен Исток да се нарекува поинаку? Секако, вие треба да одлучите за тоа“, рече тој, обраќајќи му се на Владимир Путин. „Но, мене ми се чини дека на копното Сибир и Далечниот Исток на Русија се последен регион кој во целост треба да се развива и да го покаже својот потенцијал“, заклучи модераторот на форумот. Тој потоа го праша рускиот претседател: „Со што се раководите кога носите одлуки за развојот на Далечниот Исток на Русија?“

Одговарајќи на ова прашање, Путин не изнесе никаков став кој се однесува на промената на називот на регионот.