Извор: Ројтерс
Правила на банката
На банката можат да ѝ се приклучат сите земји и економски субјекти, кои се стремат кон економски развој во Азија и во целиот свет. На почетокот своите потписи на Меморандумот за подготовка за создавање банка на 24 октомври 2014 година го ставија претставници од 21 земја, меѓу кои и Кина, Индија и Сингапур. Но, во последниве две недели желба за учество во новата структура изјавија и Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Швајцарија, Луксембург, Австралија и Холандија.
Впрочем, до создавањето на глобалната противтежа на западните финансиски институции има уште многу време, смета рускиот економист Сергеј Хестанов. Според него главниот основач на АБИИ, Кина, има тесни економски врски со САД. „Во вакви услови Кина се обидува да создаде конкурентна финансиска структура, но до силна конфронтација нема да дојде“, забележува Хестанов.
Основачкиот капитал на новата банка може да достигне до100 милијарди американски долари. Според Сергеј Фомин, во иднина обемот на банката може да се зголеми, меѓу другото и за сметка на средствата од азиските инвеститори. „Во таков случај банката може да стане основна институција во рамките на новиот финансиски систем на Азија“, вели Фомин.
Конкуренција меѓу банките
Според оценките на Азиската банка за развој (АБР) на Азија ќе бидат потребни околу 800 милијарди американски долари инвестиции годишни за инфраструктурна изградба во периодот до 2020 година. АБЕР, пак, издвојува само 20 милијарди американски долари заем годишно за вакви проекти.
Сепак, експертите потсетуваат дека Москва веќе има ставено свој потпис за учество во банката на БРИКС, а таа финансиска институција е многу слична со АБИИ: и двете банки планираат да се занимаваат со инвестиции во инфраструктури, а сличен е и обемот на основачкиот капитал. „И двата проекти сега се наоѓаат во почетен стадиум. Русија ќе се сконцентрира на онаа институција што ќе се покаже поуспешна“, вели Сергеј Хестанов.
Според мислењето на раководителот на аналитичкиот оддел на Deutsche Bank Јарослав Лисоволик, за Русија ќе има смисла да учествува во ваков вид институционални проекти како што е АБИИ, без оглед на тоа што таа веќе учествува во слична структура. „Тоа е инструмент за засилување на интеграцијата на руската економија во најважниот регион – Азија, односно постои проект кој е важен за Русија не само од гледна точка на привлекување ресурси во краткорочна перспектива, туку како инструмент за понатамошно зближување со Азија во инвестициската сфера“, додава Јарослав Лисоволик. АБИИ и банката на БРИКС, всушност, се формираат паралелно. Експертите тоа го поврзуваат со фактот што на светската економија ѝ е потребна алтернатива на постоечките финансиски структури, како што се ММФ и Светската банка. „Најверојатно, банката на БРИКС и АБИИ ќе тргнат по патот на координација, а не на конкуренција. Тоа може да создаде определен предизвик, на пример, за Светската банка“, вели Лисоволик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче