Зошто Русија се најде на прагот на рецесија?

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Според резултатите на второто полугодие од 2014 година во Русија, според податоците на Министерството за економски развој, порастот на економијата одвај ја надминал нултата граница. Некои економисти го објаснуваат намалувањето на БДП како рецесија на фонот на украинската криза. Сепак, во реалноста забавувањето на економскиот пораст во Русија не е поврзано со политичката затегнатост, туку има сосема други причини.

Ректорот на Руската академија за народно стопанство и за државна администрација при Претседателот на Руската Федерација Владимир Мау за „Руска реч на македонски“. 

Заемните санкции секогаш се крајно непријатни, нивната примена и „жешката“ трговска војна меѓу Русија, Европа и САД нема да доведат до ништо добро. Впрочем, денес светот минува низ глобална системска криза, која може да се спореди со кризата од триесеттите и од седумдесеттите години од минатиот век. Ова е мошне сложена ситуација, која може да ја уништи економската слика како во Русија, така и во Европа. Сепак, ниту за руските, ниту за европските економски проблеми санкциите не претставуваат некаква основа – проблемите се појавија многу порано. Може да се каже дека санкциите, попрво, претставуваат последица на кризата.  

Веќе во 2008 година во целост беше исцрпена резервата за закрепнувачки пораст: во 2009 година поради кризата се случи суштествен пад на економијата, по кој следуваше закрепнување, што за не многу долг период овозможи задржување на умереното темпо на економски пораст.

За европската економија во последната година беше карактеристичен низок или нулев пораст, додека, од друга страна, Русија балансира на работ на рецесија. Во Русија засега не постои рецесија, но постои видливо забавување, и за овој процес постојат неколку причини. Како прво, кога постои рецесија во многу земји на основниот трговски партнер на Русија – Европската Унија, на која отпаѓаат повеќе од 50% од трговскиот обрт, би било чудно доколку во Русија би се бележел бурен пораст. Како второ, постојат циклични причини: застојот на инвестициски активности на крупните корпорации (особено на државните корпорации), кои во 2012-2013 година го завршија својот инвестициски циклус (на пример, подготовката за Олимпијадата во Сочи), по што не започна нов. Како трето веќе во 2008 година во целост беше исцрпена резервата за закрепнувачки пораст: во 2009 година поради кризата се случи суштествен пад на економијата, по кој следуваше закрепнување, што за не многу долг период овозможи задржување на умереното темпо на економски пораст. 

Но, основата причина за забавување на економскиот пораст се состои во тоа што моделот на економскиот раст од првата декада на веков, предвиден за стабилно проширување на побарувачката, се покажа исцрпена. Тоа се случи како од надворешни причини, бидејќи престана да расте цената на нафтата, така и од внатрешни причини, некои економисти оваа појава ја нарекуваат „стапица на средното ниво на приходи“. Русија се претвори во земја со висока цена на трудот и со релативно лоши економски институции, а еден од тие показатели е рејтингот на Светската банка Doing Business. Според динамиката на БДП по глава на жител, Русија во последниве години се искачи но ниското ниво на развиени земји, а според квалитетот на институциите остана во групата на земји во развој. Во моментов ова претставува главен структурен проблем на руската економија, и таа нема едноставно решение. Бизнисот е подготвен да се помири со релативно лошите институции при ниски цени или да плати повеќе со гаранции кои ги даваат добрите институции. Сепак комбинацијата на лоши институции со скап труд е неудовно за бизнисмените и, соодветно, не обезбедува доток на инвестиции. 

Украина и санкциите го стегнаа Гаспром
Рускиот гасен гигант даде отчет за загубите и за новиот приод кон европските договори.

За овој проблем економистите зборуваа уште одамна. Од економска гледна точка, основата за потребните измени на порастот е: имено сега е неопходен премин од „економска побарувачка“ кон „економска понуда“ – економија на стабилни и на предвидливи „правила на игра“, на достапни кредити (што изискува ниска инфлација), на прифатливи даноци, стимулирање на развојот на производството. Економскиот развој не е праволиниски. Во услови на пораст на политичката затегнатост, условена од ситуацијата во Украина, дел од руската политичка елита почнува да се потпира на мобилизацискиот потенцијал на нашето општество. Меѓу другото, во современиот свет мошне е важно да не ставаме санкции самите врз себе – многу поефективен одговор може да биде имено економската либерализација, која би обезбедила модернизација на институциите кои се неопходни за пораст. Всушност, по овој пат тргна Кина, која по настаните од 1989 година на плоштадот Тјенанмен се соочи со меѓународни санкции. Имено на оваа основа во Кина тргнаа кон решително засилување на економските реформи. И наскоро потоа, во 1992 година во земјата започна инвестициски бум. 

На ова треба да се додаде и друг структурен проблем – неопходноста од модернизација на социјалната држава, особено во деловите на образованието, на здравството и на пензиското осигурување, кои во Русија, како и во многу други развиени земји, се формирани во индустриската епоха и се соодветни на нејзините потреби. – Човекот требаше да заврши со учењето и да работи по својата специјалност, а животниот век беше понизок од пензиската возраст. Сега ситуацијата е сосема поинаква – најуспешните, со цел да бидат конкурентни на пазарот на трудот, се школуваат цел живот, менувајќи ја сферата на својата дејност. Луѓето одат на лекар не само кога е особено потребно, туку и за превенција, што создава квалитативно поинаков товар врз системот за здравство. 

Откако ќе се решат сиве овие задачи, важно е да се зачува, а не да се изгуби нашето најважно достигнување во последниве 10-15 години – макроекономската стабилност. До неа тешко се доаѓа, но лесно може да се урне.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња