Санкциите се во спротивност со една од основните спогодби на СТО – Општата спогодба за трговија со услуги. Извор: Ројтерс
Против санкциите
Како одговор на санкциите на САД кон руските компании, меѓу кои е и банката „Росија“ на Јуриј Коваљчук, руските власти одлучија да го искористат системот на СТО. Меѓу другото тие веќе испратија официјално соопштение за тоа дека САД не ги исполнуваат своите трговски обврски. Освен тоа, како што изјави министерот за економски развој Алексеј Уљукаев, САД би можеле да се соочат и со уште една жалба. Според мислењето на руските официјални лица, американските санкции ги кршат правата на руските даватели на услуги кои работат во САД или кои тргуваат со американски компании. Санкциите се во спротивност со една од основните спогодби на СТО – Општата спогодба за трговија со услуги. Според правилата на СТО определена земја може да воведе ограничување на увозот на стоки или услуги со цел зачувување на националната безбедност, но СТО не предвидува можност за воведување санкции.
Освен тоа, за правата на Русија во СТО ќе се бори посебна организација. Кон крајот на јануари државната банка „Сбербанк“ заедно со Министерството за економски развој и со московскиот Национален истражувачки универзитет „Висока школа за економија“, најавија основање на Експертски центар за прашањата поврзани со СТО. Прва компанија што ќе добие помош од стручњаците би можела да биде гасниот гигант „Гаспром“, чии интереси директно ќе бидат загрозени од Третиот пакет енергетски прописи на Европската унија, што Русија и понатаму ги оспорува. Според овој пакет мерки, „Гаспром“ нема да може да испорачува гас во европските земји и истовремено да биде сопственик на своите гасоводи.
Општ контекст
САД, меѓутоа, не се единствениот опонент на Русија во СТО. Својата прва жалба во рамките на Светската трговска организација Русија ја поднесе против Европската унија кон крајот на декември 2013 година. Станува збор за таканаречени „енергетски корекции“, со кои се зголемува конечната цена на руската стока на европскиот пазар. Европските земји, меѓу другото, ја обвинуваат Русија дека, според нив, ја користи својата нечесна предност – евтин природен гас. За да го компензираат овој фактор во формирањето на цената, тие во рамките на антидампинг мерките се применуваат „енергетски корекции“, и тоа пред сè против руските металуршки и хемиски претпријатија. Руските власти, од друга страна, сметаат дека евтиниот природен гас е објективна предност за Русија, а антидампинг мерките се нечесен механизам кој ЕУ го користи за заштита на сопствените производители.
Русија иницираше уште една истрага, овој пат против Кина. Таа се однесува на цените на челичните цевки за нафтени дупки. Жалбата ја поднесоа руските металуршки претпријатија, водечките фабрики на Русија, меѓу кои Чељабинската, Волшката и Северската фабрика за производство на цевки. Според нив, благодарение на нереално намалените цени на кинеските производи, уделот на увоз од Кина во земјите на СТО во периодот од јануари до септември 2013 година пораснал од 28.2% на 55.4%. Дампингот на кинеските компании довел до тоа рентабилноста на продажбата само во рамките на Царинската унија за останатите учесници на пазарот во текот на овие девет месеци била за трипати помала, а профитот паднал за 62.8%, изјави за “Руска реч на македонски“ Олег Калински, претседател на Фондот за развој на индустриски цевки.
Cè на сè, засега сè уште е во тек разработка на мерки за заштита на интересите на руските компании во рамките на СТО, објасни за „Руска реч на македонски“ извор од Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи. Треба да се знае дека другите земји на руските забелешки возвраќаат со свои жалби. Така, до крајот на 2013 ЕУ во рамките на СТО иницираше 12 истраги и најави дека против Русија ќе примени нови жалби. Меѓу другото, Европската унија минатиот месец протестираше поради забраната за увоз на свинско месо од Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче