Руските брендови треба повеќе да работат

ФОТО: Извор: Imago / Legion Media

ФОТО: Извор: Imago / Legion Media

Најскапите руски брендови значително заостануваат зад брендовите од развиените земји поради специфичноста на руската економија и поради односот кон стратегијата за создавање бренд.

Неодамна агенцијата за консалтинг Интербренд го претстави рејтингот на 40 најскапи руски брендови во 2013 година. На прво место се најде монополот Гаспром, чија вредност се проценува на 39 милиони долари, На второто, на третото и на четвртото место се најдоа најголемите руски мобилни оператори МТС, Билајн и Мегафон.

Агенцијата Интербренд го прогласи лидерот на рејтингот како мултипрофилна компанија, па затоа не го ставила во ниту еден од секторите. Брендот Гаспром се проценува на речиси половина од сите брендови (48%). Најголемиот дел во општата вредност на брендовите на рејтингот заземаат телекомуникациските компании – 19%, нафтените – 11%, металуршките – 7%, финансиските – 5%.

Руските компании треба да ги зголемат инвестициите во брендовите и поактивно да се занимаваат со надворешноекономска работа.

„Рејтингот на најскапите руски брендови 2013 значително се разликува од верзијата од претходните години. За првпат во него има многу брендови кои претходно не ги задоволуваа критериумите. При креирањето на претходните рејтинзи, се потпиравме само на критериумите кои традиционално ги користи Интербренд. Според овие принципи на рејтингот не можат да се најдат брендови кои не се насочени кон масовната публика и кои немаат широк јавен профил и препознатливост. Но, ни стана очигледно дека Русија не може да биде претставена без нејзините индустриски брендови“, изјавува Ана Шељупска, претставничка на Интербренд. Токму поради тоа на рејтингот се најдоа толку многу B2B компании ( анг. Business-to-business, означува вид електронски бизнис кој е насочен кон размена на стока, сервис и услуги меѓу организациите заб. ред.). Според зборовите на составувачот на рејтингот, B2B компаниите во руската економија играат мошне важна улога.

Карактеристично е што руската топ-листа се разликува од глобалниот рејтинг со помал број брендови на FMCG компании (анг, Fast-Moving Consumer Goods, означува стока за широка потрошувачка во секојдневието, станува збор главно за прехранбената индустрија заб. ред.). Извршниот директор на компанијата Depot WPF Ана Луканина вели дека руските производители на стока за секојдневна потрошувачка не можат да се споредуваат со мултинационалните гиганти кои ги заземаат главните позиции на рускиот пазар.

Вредноста на руските брендови е значително пониска од брендовите кои се основано во развиените држави. За споредба: прва е Епл (98.3 милијарди долари), што е речиси за две илјади пати повисока вредност од онаа на Гаспром. 40 руски брендови вкупно се проценуваат на 2.6 милијарди рубли, односно 86.666 милиони долари, што претставува 0.0004% од рускиот БДП. „Основната причина за релативно ниските вредности на брендовите се огледа во тоа што руската економија значително повеќе зависи од индустрискиот сектор, каде брендот не ја игра решавачката улога за време на донесувањето на одлука од страна на потрошувачот за купување (да кажеме, во секторот за нафта и гас, металургијата итн.)“, истакнува Шељупска. Да кажеме, уделот на вредноста на брендот во вредноста на металуршките концерни не надминува 10%. „Згора на тоа, многу компании немаат големо искуство во работа во услови на конкурентен пазар: тие се или монополи, или ѝ припаѓаат на државата. Во една таква средина се намалува улогата на брендот“, објаснува стручњакот.

Освен тоа, во Русија поинаку се однесуваат кон брендовите одошто на Запад, вели Луканина. Руските компании не се склони толку активно да го финансираат развојот на брендот, како што е случај со европските или со американските. „Голем дел од руските компании ги интересира само исчекорот, често трчаат по краткорочни продажби. А, западните корпорации се занимаваат со долгорочно стратешко планирање“, истакнува таа. Според неа, руските компании треба да ги зголемат инвестициите во брендовите и поактивно да се занимаваат со надворешноекономска работа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња