Санкт Петербург очекува милијарди

Челниците на повеќе од 500 компании го потврдија своето присуство на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум оваа година. Извор: Комерсант.

Челниците на повеќе од 500 компании го потврдија своето присуство на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум оваа година. Извор: Комерсант.

Оваа година на 17 Петербуршки меѓународен економски форум, кој ќе се одржи од 20 до 22 јуни во Санкт Петербург, можат да бидат потпишани договори за освојување на наоѓалишта на нафта и на газ на Арктикот.

Годишниот Санктпетербуршки меѓународен економски форум според својата големина често се споредува со форумот во Давос: со него раководи лично претседателот на Русија, го посетуваат високи делегации од разни држави, а крупните меѓународни компании се претставени од нивните глобални извршни директори. Традиционално на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се склучуваат крупни зделки. „Во 2011 година на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум беа потпишани околу 50 спогодби на сума од 6 милијарди американски долари, притоа за негова организација беа потрошени 28 милиони американски долари. Во 2012 година беа потпишани 84 спогодби, од кои 9 на сума од 11 милијади американски долари. Еден од најголемите договори, кој е проценет на 1.7 милијарди американски долари, е набавката на Airbus A380 од страна на авиокомпанијата Трансаеро, а исто така и набавката на Sukhoi SuperJet-100 која е проценета на 212.4 милиони американски долари“, вели вишиот аналитичар за транспорт, машиноградба, металургија и хемија на Инвесткафе Андреј Шенк.

Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум се организира од 1997 година, а од 2005 година тој е под покровителство на претседателот на Русија 

Според информацијата на организацискиот комитет своето учество на форумот веќе го потврдиле повеќе од 200 високи претставници на најголемите странски и 374 претставници на руските компании, од кои 55 раководители на странски компании и 23 раководители на руски компании што влегуваат во рејтинзите на Forbes и Fortune. „Освен челниците на различни држави, оваа година ќе допатуваат и познати експерти како што се главниот извршен директор на BP Plc Роберт Дадли, главниот претставник на Unilever Пол Полман, главниот извршен директор на Siemens AG Питер Лешер, главниот извршен директор на Dell Мајкл Дел и други“, велат од организацискиот комитет. Своите странски колеги ќе ги пречека исто толку солидна руска делегација, во која влегуваат претседателот на Сбербанк Герман Греф, Раководителот на АД Гаспром Алексеј Милер, претседателот на АД Роснефт Игор Сечин, генералниот директор на АД Севрестаљ Груп Алексеј Мордашов и други бизнисмени. Не е за чудење што експерти од овој форум не очекуваат ништо помалку од претходните. 

Освен потпишувањето договори на бизнис-заедницата треба да бидат разгледани многу важни проблеми – пленарниот дел на форумот ќе допре најразлични прашања, почнувајќи од светската финансиска криза и завршувајќи од инфраструктурните проблеми на земјите од Африка. Оваа година Русија е претседавач со „Групата дваесет“, така што Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум 2013 ќе ги пречека учесниците на самитот „Бизнис-дваесетка“ (В20). На 18 и на 19 јуни на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум ќе се одржи и „Дваесетте млад“ (Y20), а на 20 јуни средбата на самитот „Бизнис-дваесетка“ (В20). На последниот ден од Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум, на 22 јуни, ќе биде одржан Бизнис-форумот „Русија – АСЕАН“. 

Главна тема за разговор на „дваесетката“ ќе биде стимулирањето на инвестиции за забрзување на економскиот раст. Исто така економистите ќе се обидат да најдат начин за омекнување на светската финансиска криза – според нив ова е сосема реално. На пример, стабилното закрепнување на САД и на Кина е повод за оптимизам, иако глобалните економски перспективи сè уште даваат повод за загриженост. 

Но, освен глобалните прашања бизнисмените и политичарите имаат намера да се сконцентрираат и на проблемите на определени земји, на пример на Африка, каде економскиот пораст е забележлив, но потребна е поддршка. Освен Југот, на дневниот ред на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум 2013 е ставен и Блискиот исток, каде без разлика на политичката нестабилност постои голема потреба од трговија и инвестиција и диверзификација на економијата. 

Кога станува збор за последните тенденции во светската економија, експертите ставаат акцент на зголеменото влијание на земјите во развој како што се Индонезија, Виетнам, Турција и Нигерија. Уредникот и водител на CNN International Џон Дефтериос во улога на модератор на тематската сесија на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум, кој е посветен на земјите надвор од БРИКС, ќе објасни какви мерки треба да преземат овие земји со цел да го задржат своето влијание и какви перспективи отвора ваквата ситуација за светската бизнис-заедница. 

Освен одделните економски перспективи „дваесетката“ има намера да разгледа и мошне неопходни прашања – на пример растечката потрошувачка на енергија. Зголемувањето на растот на населението, урбанизацијата, зголемувањето на средната класа во целиот свет и измената на моделот на потрошувачка се само дел од факторите кои, како што се очекува, дреба да го забрзаат растот на побарувачка на носители на енергија во долгорочна перспектива. Додека политичарите зборуваат за зголемената побарувачка, нафташите ќе ги разгледаат измените во структурата на светскиот пазар на енергија – США со шкриличната револуција и Јапонија со неодамна отвореното огромно наоѓалиште на природен гас на дното на океанот можат суштествено да ја смената глобалната слика во блиска иднина. Впрочем, како што претпоставуваат експертите, одговор на сличните предизвици може да стане меѓународната соработка. „На пример, кога станува збор за активното освојување на Арктикот од страна на руските компании, може да се очекува потпишување спогодби за заедничка разработка на наоѓалишта на нафта и гас“, претпоставува Андреј Шенк. 

 

Форумот надвор од форумот


Непосредно пред самиот форум во руската северна престолнина сесии на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум 2013 се одржаа и во други земји. На 21 март во Истанбул повеќе од 200 учесници од Русија и од Турција зедоа учество во работата на заедничката сесија на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум и на Турската асоцијација на бизнисмени и индустријалци (TUSIAD) – „Русија и Турција – економската интеграција како фактор за регионален развој“. На 3 април во Сеул (Република Кореја) се одржа специјална панел-сесија на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум со поддршка на Федерацијата на корејската индустрија „Фјучерси на пазарите на суровина и на технологии: нова ера во соработката на Русија и Азија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња