Во 2011 претседателот на руската канцеларија Николај Прјанишников и вицепремиерот Дмитриј Козак потпишаа спогодба за обезбедување програмска поддршка за потребите на Олимписките игри 2014 во Сочи. Извор: ИТАР-ТАСС.
Кога се зборува за учеството на бизнисот на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ), најголемиот економски и политички настан во Русија, се подразбираат големи индустриски или банкарски бизниси, чии претставници се дојдени да продискутираат за уште една порција мерки за помош или за построги регулативи со првите лица на државата. Но, во последниве години во називите на секциите често фигурира зборот „технологија“ и „иновации“, зашто на форумот учество почнаа да земаат и IT-компании. Од нив „најработен“ однос со руската влада, по некаква историска традиција, има Мајкрософт.
Во однос на вкупниот број потпишани договори, кои во последниве години се движат помеѓу 6 и 14 милијарди американски долари, договорите во кои е вклучен и Мајкрософт изгледаат скромно, но му го даваат на ПМЕФ потребниот шмек на „иновативност“. За последните три форума Мајкрософт склучи три базични зделки.
Всушност, рускиот тим на Мајкрософт сè уште има шанса да го направи Санкт Петербург центар за привлекување на развојни тимови од сиот свет
Во 2010 година во фокусот на петнаесеттиот ПМЕФ се најде недоволно високата компјутерска писменост на Русите. За решавање на овој проблем се зазеде Мајкрософт – на Санктпетербуршкиот универзитет за информациски технологии, механика и оптика (СПбГУ ИТМО) беше отворен центар за бесплатна обука „Твојот курс“. „Во последниве три години бројот на центри се зголеми на сто, а во нив се обучуваат 300 илјади Руси“, велат во руското претставништво на Мајкрософт. Овој проект според своите размери очигледно ги надминува европскиот систем за сертификација ECDL, кој во Русија го користат неколку десетици илјади луѓе годишно.
2011 година му донесе на Мајкрософт најголем успех за сето време додека фирмата учествува на ПМЕФ – претседателот на руската канцеларија Николај Прјанишников и вицепремиерот Дмитриј Козак потпишаа спогодба за обезбедување програмска поддршка за потребите на Олимписките игри 2014 во Сочи. На прво место софтверската корпорација ќе се грижи за работата на официјалниот сајт на Олимпијадата, кој за време на Игрите ќе го посетуваат 1.5 милиони посетители. Договорните страни не сакаа да ја обелоденат сумата на договорот, но кратко пред започнувањето на ПМЕФ-2011 претседателот на организацискиот комитет на Сочи-2014 Дмитриј Чернишенко изјави дека станува збор за сума од еден милион долари.
Истата година Мајкрософт успеа да ги присоедини познатиот санктпетербуршки технопарк „Ингрија“ на програмата BizSpark, со која стартапите добиваат од Мајкрософт програмска поддршка и инструменти за разработки со бесплатно користење на определен ограничен рок. „Сè на сè Санкт Петербург ѝ даде на програмата BizSpark повеќе од 400 стартапи, - објаснува програмскиот менаџер во Мајкрософт Дијана Токмашова, - од нив на „Ингрија“ отпаѓаат околу 50.“ Поранешниот директор на фондот за при-сид финансирање на Мајкрософт и актуелен директор за инвестиции на вложувачкиот фонд на Runa Capital Гајдар Магдануров објаснува дека во инкубаторот нема многу проекти, а згора на тоа на сите проекти не им се потребни технологиите на Мајкрософт.
На прво место софтверската корпорација ќе се грижи за работата на официјалниот сајт на Олимпијадата, кој за време на Игрите ќе го посетуваат 1.5 милиони посетители
По една година на ПМЕФ-2012 Мајкрософт објави и двострана спогодба со санктпетербуршкиот Фонд за при-сид инвестиции, според кој проектите кои добиваат грантови од Мајкрософт ќе минуваат низ поедноставена процедура во Фондот за при-сид инвестиции. Фондот на Мајкрософт во Русија не е импресивен – до денес во 17 проекти (од кои 2 се родија во „Ингрија“) се инвестирани само околу 1 милион американски долари. А споредба, еден од фондовите за при-сид финансирање на 8-милионскиот Израел започна со сума од 25 милиони американски долари.
„Мајкрософт не поддржаа во моментот на создавање и развивање прототип на технологијата. Парите што беа добиени од Фондот ни помогнаа да собереме ефикасен тим, кој во целост ќе се посвети на работата во текот на шест месеци и како резултат на тоа ќе се добие производ, готов за продажба, - вели Дмитриј Шуваев од компанијата Pirate Pay, резидент на „Сколково“. При-сид фондот на Мајкрософт му даде на развојниот тим на технологија за заштита од нелегални трансфер на дигитални содржини грант од 100 илјади американски долари. „Мошне е важно тоа што финансирањето е апсолутно бесповратно без поделба на акциите, така што ние не бевме ограничени во рамките на инвестициските договори“ – додава Шуваев.
Всушност, рускиот тим на Мајкрософт сè уште има шанса да го направи Санкт Петербург центар за привлекување на развојни тимови од сиот свет – согласно потпишаната спогодба со владата на Санкт Петербург на ПМЕФ 2012, финалето на купот на развојни тимови Microsoft Imagine Cup ќе се одржи токму во градот на Нева во јули 2013 година, веднаш по завршувањето на ПМЕФ. На купот ќе се соберат 100 тима од 109 земји, кои ќе се борат за неколку награди во вредност од 50 илјади, 10 илјади и 5 илјади американски долари. По ваквиот настан ќе биде мошне тешко за Мајкрософт да ги изненади учесниците на Форумот-2013.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче