Извор: Екатерина Чеснокова/РИА Новости.
Ваквата можност ќе ја даде специјалната база на податоци – регистар на производството на алкохол. Овој регистар ќе го води Федералната служба за регулирање на пазарот со алкохол, а податоците ќе бидат објавени на нејзиниот Интернет сајт. Службата веќе има разработено проект за водење регистар во согласност со владината одлука, а исто така постои и проект за начинот на издавање потврди за отпочнување со дејност поврзана со алкохолни пијалаци.
Во регистарот секој граѓанин ќе може да го види бројот и датумот на регистрација, информација за маркичката или кодот за видот на алкохолниот пијалак. Освен тоа, регистарот ќе содржи информации за фабриката што го произведува соодветниот пијалак, видот и обемот на реализација, како и рокот на употреба и условите за чување. Сета информација ќе се внесува во регистарот од специјалните потврди, што секој производител на алкохол ќе биде должен да го испрати во Федералната служба за регулирање на пазарот со алкохол. Тие ќе бидат должни да ги испратат документите најдоцна 5 дена пред истоварот. Заради оперативноста испраќањето ќе се врши по електронски пат и ќе се заверува со електронски потпис со засилена безбедност.
Да потсетиме дека до 1 јули 2013 година, превозот на алкохолните пијалаци ќе може да се врши без лиценци, како и пивото и пијалаците кои имаат алкохолна основа без мерни инструменти. Овој закон беше донесен од државната Дума кон крајот на декември минатата година.
Сепак, јас мислам дека не секој љубител на, да кажеме, добар коњак, пред да оди во продавница, ќе се закачува на Интернет за да види во каква амбалажа и со каква етикета сега се произведува неговиот омилен пијалак, за во продавница да не купи фалсификувана стока.
Павел Шапкин
Центарот за разработка на национална алкохолна политика
Федералниот регистар во принцип може да се претстави како уште еден инструмент за контрола на алкохолот, смета раководителот на Центарот за разработка на национална алкохолна политика Павел Шапкин. Производителите и онака даваат информации за Единствениот државен автоматизиран информациски систем, забележува тој. И во оваа смисла може да се случи дуплирање на информациите. Во исто време, смета Шапкин, можноста за отворен пристап до карактеристиките на алкохолот е, сепак, полезна работа. Информациите што се даваат во Единствениот државен автоматизиран информациски систем не се наменети за јавноста, објаснува тој. „Сепак, јас мислам дека не секој љубител на, да кажеме, добар коњак, пред да оди во продавница, ќе се закачува на Интернет за да види во каква амбалажа и со каква етикета сега се произведува неговиот омилен пијалак, за во продавница да не купи фалсификувана стока“, - се сомнева експертот.
Згора на тоа, тој е убеден дека целата шема на контрола на производството и на трговијата со алкохол што е денес застапена е многу сложена и токму поради тоа не функционира. „Сепак, мислам дека сосема доволни ќе будат три мерки за контрола: воведување минимална цена на алкохол од различни видови, данок на производната моќност наместо акцизи и организација на компанија што ќе ја контролира продажбата на алкохолот во земјата“ – резимираше Шапкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче