- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Според современиот официјален опис на грбот, на него е прикажан „бабр што трча на левата страна и држи во челуста алов (црвен) самур“.
Првично, грбот на Иркутск го красел тигар кој трча со самур во забите. Иако живееле на поисточно, усуриските тигри можеле да стигнат до овие места. Во старо време жителите на Сибир го користеле името „бабр“ за сите опасни диви мачки (тигри, пантери и леопарди). А самурот во забите ја симболизирал трговијата со крзно карактеристична за ова подрачје.
Иркутск е основан далечната 1661 година, а во 1790 година, царицата Екатерина II го вовела грбот на кој бил прикажан тигар, т.е. „бабр“. Меѓутоа, сто години подоцна, за време на владеењето на Александар II, при ревизијата на грбовите на Руското царство, одредени чиновници во Санкт Петербург биле убедени дека во описот на овој грб се поткраднала печатна грешка, т.е. дека наместо „бабр“ (тигар на стариот сибирски дијалект) требало да пишува „бобр“ („дабар“ на руски)! И никој не се запрашал како тоа дабар држи самур во забите, кога се знае дека дабарите не ги ловат и не се хранат со нив. Тогаш била извршена ревизија на грбовите на 40 губернии, па во толку многу работа никој не се ни запрашал дали можеби зборот „бабр“ сепак значи нешто друго.
Уметниците, според новиот опис, внесоа промена на грбот: ги отстранија пругите од телото на животното, му додадоа пловни кожички и „даброва“ опашка, но го оставија самурот во забите. Во описот сега тоа беше „дабар“ (рус. „бобр“).
Зборот „бабр“ беше вратен на грбот дури во средината на 1990-тите, но некогашното измислено ѕверче сепак остана на грбот. Дури му е подигнат и споменик во центарот на градот.