10 скапоцености од приватни колекции кои се наоѓаат во Музеите на московскиот Кремљ (ФОТО)

Култура
АЛЕКСАНДРА ГУЗЕВА
Покрај предмети кои му припаѓале на царското семејство, колекцијата на Кремљ поседува уникатни предмети од збирките на колекционери на старински предмети.

По војната од 1812 година, во образованите кругови на руското општество пораснал интересот за историјата, старите предмети и обичаите. Многу непроценливи раритети биле изгубени во пожарите, па љубителите на историјата барале артефакти насекаде, обидувајќи се да ги зачуваат и проучат спомениците на руската древност.

Меѓу најпознатите колекционери во XIX век бил Павел Карабанов. Цел живот собирал разни стари предмети, а во својот домашен музеј изложувал работи кои го отсликуваат секојдневието на руското благородништво. Неговата колекција била толку богата и интересна што царот Николај I се понудил да ја откупи. Карабанов не сакал да се раздели со неговата колекција додека бил жив, но му ја оставил во аманет на царот по својата смрт. Така, најстариот и највредниот дел од неговата колекција завршил во Оружејната палата на московскиот Кремљ.

Имало и други негови современици кои ја сакале историјата и поседувале исклучителни приватни колекции, кои подоцна завршиле во Кремљ. Меѓу нив биле и грофот Алексеј Мусин-Пушкин и кнезот Николај Јусупов.

Икона „Богородица Владимирска“, последна четвртина на XVI век

Фишеклија (барутница), 1660.

Обетки, XVII век

Сребрен рамка за огледало, прва половина на XVII век

Чарка (сад за пиење алкохолни пијалоци), XVII век

Богородица Воплотување, прва третина на XVII век

Пехар со грбот на семејството Карабанови. 1534-1585 година

Садови од Велики Устјуг, трета четвртина на XVIII век

Медалјон со синџирче, 90-тите години на XVII век

Црпалка, 1764.

На 15 март во Музеите на московскиот Кремљ беше отворена изложбата „Љубители на татковинската историја“, посветена на Павел Карабанов и другите московски колекционери од XIX век кои дадоа придонес за една од најзначајните ризници на Русија.