Уникатна руска икона ќе биде претставена по повеќе од 100 години (!) реставрација

Култура
RUSSIA BEYOND
Уникатната икона од XII век „Богородица Богољупска“ за првпат ќе ѝ биде претставена на јавноста по повеќе од 100 години реставрација.

Посетителите ќе можат да ја видат оваа светиња од 15 март во Музејскиот центар „Палата“ во Владимир.

Иконата е насликана по нарачка на великиот кнез Андреј Богољубски. Симболично укажува на продолжувањето на духовната и културната традиција на Византија, при што има изразено руски карактер. Богољубски ја замислил како симбол на идејата за обединување на руските земји околу нов центар.

Реставрацијата на иконата започнала по повеќевековни интервенции и неправилно чување во 1918 година на иницијатива на сликарот Игор Грабар. Неколку генерации реставратори грижливо работеа на зачувување на светињата.

Посетителите сега ќе имаат можност да го видат ликот на Богородица практично онаков како што некогаш одамна го видел Андреј Богољубски, тврдат од музејот.