Во манастирите важи единствен типик и сите објекти формираат еден компактен комплекс. Така е, на пример, во Новодевичиот манастир во Москва, во Соловецкиот или Спасо-Ефимиевиот во Суздаљ. Исклучок се ставропигијалните манастири кои не се под управа на локалните црковни власти и припаѓаат на патријархот или на Синодот.
Комплексот на Новодевичиот манастир
Valeriya/Getty ImagesНивното име доаѓа од грчкиот збор „ставропигија“, што во буквален превод значи „подигање на крстот“. И навистина, во таквите монашки обители патријарсите лично го поставувале крстот. Во Русија има малку повеќе од триесет ставропигијални манастири. Меѓу нив се Даниловскиот и Донскиот манастир во Москва, Соловецкиот на Соловецките острови и Валаамскиот на островот Валаам.
Троице-Сергиевата лавра
OlyaSolodenko/Getty ImagesА која е разликата помеѓу манастир и лавра? Прво, лаврите одиграле особено важна улога во историјата на Русија, и второ, лаврите можат да бидат само машки манастири. Тоа се големи монашки заедници меѓу високи и цврсти ѕидини кои служеле како сигурна заштита од упадите на воинствените номадски племиња. Русија има само две лаври: Александро-Невската во Санкт Петербург и Троице-Сергиевата во Сергиев Посад, кој исто така е ставропигијален манастир.
Коренаја пустина
eyphoriaa (CC BY-SA 4.0)Осамените манастирски пустини (руски: „пустынь“) се наоѓаат на одредено растојание од манастирот и далеку од сите земни грижи. На времето имале само еден храм, но со текот на времето можеле да прераснат во мошне крупни монашки заедници, а во нивното име се задржал зборот „пустина“. На пример, Коренаја пустина во Курската област била изградена на местото каде што се појавила Курско-Коренајата икона на Пресвета Богородица наречена „Знамение“. Порано на тоа место имало само скромна капела, а денес тука се наоѓаат пет храмови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче