Русите од дамнина пеат на глас, дури и кога им ставале окови и ги воделе во затвор. Во романот „Записи од мртвиот дом“ Достоевски во 1860 година за првпат ги запозна своите читатели со руската затворска песна.
„Во касарните се слуша песна. Но, главата веќе чади и е несвесна од претераното пиење, така што тоа пеење не е далеку од плачење.
Многумина, со кожувот на рамо, шетаат со балалајки в рака и како некакви беќари пребираат по жиците. Во посебното одделение се формирала и пејачка група од осум пејачи. Прекрасно пеат во придружба на балалајки и гитари. Но, ретко пеат вистински народни песни... Најчесто ги пеат оние што кај нас ги нарекуваат „зандански“ - вака Достоевски го опиша секојдневниот живот на затворениците во Сибирскиот затвор во втората половина на XIX век.
Затвореници на одмориште, 1861, Валериј Јакоби
Третјаковска галеријаВо книгата „Сибир и робија“ од 1871 година, етнографот Сергеј Максимов наведува дека имало стари и „понови“ затворски песни. Првите настанале од разбојничките песни, кои ги составиле „ајдути“, т.е. избегани Козаци во времето на освојувањето на териториите околу Волга и Сибир. Бидејќи властите ги фаќале разбојниците и често ги затворале до крајот на животот во сибирските затвори (како што е затворот во Омск, каде што робијал Достоевски), разбојничкиот фолклор продолжил да живее токму во затворската средина. Максимов истакнува дека многу песни од втората половина на XIX век „не сме ги добиле од прва рака (од древните населби, од слободните Сибирци - староседелци) туку, можно е, дури и од десетта (од затвор)“.
Кон крајот на XIX век „робијашките“ песни не биле популарни само во криминалните, туку и во револуционерните кругови. Како што пишува Максим Кравчински во „Историјата на руската шансона“, дури и Ленин имал своја омилена „робијашка песна“.
Се викала „Измачен од тешката робија“ (руски: „Замучен тяжелой неволей“) и била посветена на Павел Чернишов, студент од Самара кој бил уапсен поради „одење по народот“ (руски: „хождения в народ“, т.е. агитација и просветлување на селското население) и по две години робија се разболел од туберкулоза и умрел. Неговиот погреб во Петербург во 1876 година прераснал во големи демонстрации против владата:
Измачен од тешката робија,
Со славна смрт си почина ти
Во борба за народното дело
Скршените коски си ги остави.
Григориј Мачтет
Public DomainОваа песна е напишана од Григориј Махтет, поддржувач на револуционерната организација „Народна волја“. А песната, што се вели, „му легна на народот“.
Затворска песна првпат била изведена на голема сцена во 1902 година. Имено, на 18 декември во Московскиот уметнички театар се одржала премиерата на драмата на Максим Горки „На дното“. Драмата е посветена на животот на луѓето во прифатилиштето за бездомници. Тие на крај ја пеат песната „Сонцето изгрева и заоѓа“, една од најпознатите затворски песни во тоа време. Претставата била неверојатно успешна, а ликот на скитникот, „парталко“, како што се зборувало тогаш, се одомаќинил на сцените на панаѓурските претстави, кабареата и секаде каде што се пееле популарни песни.
Сцена од претставата „На дното“ на Московскиот уметнички театар
МАММ / МДФ/Russia in photoВлас Дорошевич, „кралот на репортерите“ го објави своето познато дело за заробеништво на Сахалин, во кое има посебно поглавје „Робијашки песни“. Таму го пишува следново: „Робијашите од досада ја пееја песната на сибирските скитници „Милосрдни“... Но, какво пеење беше тоа! Како да вршат опело, како од затворот да допира погребна песна. Исто како молитва за оние на умирање да пее овој затвор додека со своите прозорци со метални решетки како со очи да зјапа во темнината очи. Молитва за луѓето кои се живи закопани во него“.
Кориците на збирката на Гартевелд „Робијашки песни“
Archive photoА потоа дошла Револуцијата од 1905 година, по што било дозволено да се објавуваат збирки со робијашки песни. Во 1908 година, музичарот и етнограф Вилхелм Гартевелд ја објавил книгата „Робијашки песни. Песни на сибирските робијаши, бегалци и скитници“. Благодарение на неа, робијашките песни се прошириле меѓу народот и секој што знаел да чита ноти можел да ги пее. Гартевелд и лично ги изведувал, а снимките биле запишани на грамофонски плочи.
Вилхелм Гартевелд
Public DomainВеќе во 1909 година Гартевелд пеел затворски песни во салата на Московското благородничко собрание (Дом на синдикатите). Меѓутоа, обидот да се направи отворен настап на сцената на театарот „Ермитаж“ во 1910 година не успеал. Градоначалникот на Москва лично го забрани тој концерт.
Сергеј Соколски
Public DomainОд друга страна, никој не можел да им забрани на естрадните ѕвезди да ги изведуваат овие песни во нивната лична програма. Фјодор Шаљапин ја пеел „Сонцето изгрева и заоѓа“. Познатата двојка изведувачи - Сергеј Соколски (Ершов) и Станислав Сарматов настапувале во ликот на „скитникот-парталко“, а низ цела Русија се формирале дуети, квартети и хорови на „вистински сибирски скитници“. Писателот Николај Носов се сеќава: „Песните што ги изведуваше квартетот „Сибирски скитници“ беа прилично во склад со епохата. Тие го одразуваа расположението на општеството во годините кои непосредно ѝ претходеа на револуцијата“.
Како што пишува Максим Кравчински, од 1906 до 1914 година, само во Москва и Петербург биле објавени повеќе од сто различни збирки песни на разбојници, питачи, робијаши, скитници и затвореници.
Вокален квартет на сибирски скитници, 1912-1913.
Public DomainВо меѓувреме, во руските губернии кои се наоѓале надвор од „границата на постојан престој“ (т.е. надвор од границите во кои на Евреите им бил дозволен постојан престој), се раѓал нов криминален фолклор. Ограничени во правата и економските можности, многу Евреи им се приклучиле на криминалните кругови. Одеса беше збирно место на еврејските криминалци. Евреите ја донесоа во криминалната средина и својата музика - клезмер. Таа се мешаше со руски затворски песни и на тој начин се роди нов жанр на „крадачката“ песна. И таа песна доживеа процут во Советскиот Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче