„Авантурите на мачоротЛеополд“
Анатолиј Резников, 1975-1987/СоюзмультфильмФраза од цртаниот филм „Вини Пу оди на гости“ (1971) на Фјодор Хитрук. Токму тоа го потпевнуваат Вини Пу и Прасето на патот до Зајакот.
Фраза од цртаниот филм „Враќањето на изгубениот папагал“ („Возвращение блудного попугая“) од 1984 година на Валентин Караваев. Ја изговара дебелиот и мрзелив мачор Василиј додека грицка виршла. А на тоа му претходи репликата: „Тахити, Тахити... Никогаш не сме биле таму на некое Тахити!“
Во СССР фразата „Нас и тука добро нé хранат!“ беше особено популарна. Така луѓето се шегуваа, што значи дека беа подготвени да се задоволат со она што го имаат.
Фраза од цртаниот филм „Во синото море, во белата пена...“ (1984) на Роберт Сакјанц е направен по мотивите на ерменска народна приказна. Во приказната едно момче паѓа во подводното царство и таму морскиот цар го наговара да остане со нив и да се ожени со неговата ќерка.
Фраза од цртаниот филм „Карлсон се врати“ („Карлсон вернулся“, 1970) на Борис Степанцев. Така со надеж зборуваше управничката на зградата Фрекен Бок кога Карлсон ненадејно исчезна.
Ова е уште една популарна фраза од цртаниот филм „Враќањето на изгубениот папагал“ (1984) на Валентин Караваев. Како политички слоган ја извикува папагалот Кеша додека го лула кафезот.
Фраза од цртаниот филм „Си беше еднаш еден пес“ („Жил-был пёс“, 1982) на Едуард Назаров. Ја изговара волкот кој случајно ќе се најде на свадба и добро ќе се најаде и напие седејќи под маса. Откако ќе се изнаслуша од песните што ги пеат на свеченоста и ќе се разнежни, и самиот ќе посака да отпее нешто. Меѓутоа, неговата песна ќе биде само тажно завивање. Така ќе го откријат и ќе го исфрлат од свадбата.
Фраза од цртаниот филм „Детето и Карлсон“ (1968) на Борис Степанцев. Со тие зборови Карлсон го смирува Детето кое се растажува бидејќи родителите не сакаат да му подарат куче.
А потоа ја изговара и самото Дете додека им се правда на родителите за своите палавштини со Карлсон.
Уште една многу позната фраза од цртаниот филм „Си беше еднаш еден пес“ („Жил-был пёс“, 1982) на Едуард Назаров. Тоа го кажува необичниот волк кога во шумата ќе му дотрча домашниот пес. Тој пес порано го бркал волкот, а сега остарел и сопствениците повеќе не се задоволни од него. Затоа песот го моли волкот да му помогне да одглумат божем повторно го избркал од селото.
Фраза од цртаниот филм „Паѓаше ланскиот снег“ (1983) на Александар Татарски. Се повторува неколку пати во различни околности. Корисниците на социјалните мрежи се шегуваат дека тоа е нивниот коментар кога примаат плата.
Излезе дека е најпопуларна фразата од цртаната серија „Доживувањата на мачорот Леополд“ (1975-87). Добриот мачор Леополд, кога го бркаат лошите хулигани глувци, многу пати ја повторува оваа фраза и секогаш е мирољубив, во сите околности.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче