🎅 Зошто рускиот Дедо Мраз носи ЦРВЕНА бунда?

Култура
ДИНА СЕТДИКОВА
Белким не го копира Санта Клаус? Разбиваме уште еден мит за гардеробата на Дедо Мраз!

Рускиот Дедо Мраз е наследник на паганските божества од словенската митологија. Другите негови имиња се Зимник, Мороско, Трескунец, Студенец. Сето тоа е тој. Во бајките до тој пагански Дедо Мраз се стигнува преку бунар, а тоа е светот на мртвите. Високиот бел дедо живеел во ледена куќа, а неговата количка ја влечеле три коња, односно трите зимски месеци. Денес е навистина тешко да се каже каква боја на бунда носел.

По преминувањето во православие, паганските божества биле запоставени, но Дедо Мраз опстанал. Единственото нешто што сега го знаеме е дека почнал (или продолжил?) да носи бела или сребренеста бунда како симбол на чистота. Инаку, познатиот сликар Виктор Васнецов го насликал Дедо Мраз во бела бунда во 1885 година, но во политеистичката традиција.

Добро познатиот руски Дедо Мраз во сина (темна или светла) бунда може да се види во илустрациите на Иван Билибин за приказната „Мороско“ од 1932 година.

Така е облечен и во стариот, до ден-денес омилен филм во Русија „Мороско“. Сино-белата бунда потсетува на зима, мраз и снег.

Дваесет години по Револуцијата во 1917 година познатиот старец се врати во ново одело. Сината и белата бунда не ги фрли, туку почна да носи црвена, комунистичка.

Инаку, го смени и превозното средство. Сега почесто го гледаме на скии, бидејќи во здраво тело е здрав дух!

Со еден збор, Санта Клаус има една бунда, а рускиот Дедо Мраз најмалку три :)