Кимеријците, инаку, биле индоевропски народ од Централна Азија, кој се доселил на брегот на Црното Море, населувајќи и делови од Кримскиот полуостров и областа околу Керченскиот теснец. Тоа, всушност, ни сугерира дека Конан Варваринот е роден на територијата на денешна Русија.
Но, не брзајте со заклучоците! Како љубител на историјата, Хауард сфатил дека ќе биде тешко да се држи до историските факти при пишувањето книга. За да не ги оптоварува читателите со долги објаснувања и непотребни детали, писателот измислил фиктивна ера во која ги сместил своите јунаци. Измислената Кимерија - мрачна и негостољубива земја - е само фантазија на Хауард која нема ништо заедничко со историската реалност, освен што нејзиното име е изведено од името на едно некогаш постоечко племе.
Повеќе информации за „руското потекло“ на Конан преку овој линк!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче