- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во царска Русија православните верници не можат да го замислат својот живот без икони. Иконите на Господ Седржител, Мајката Божја со Христос и на Свети Никола Чудотворецот се наоѓле во речиси секоја куќа. Благородништвото имало полици или шкафчиња во кои се чувале икони во скапи рамки. Со злато и со скапоцени камени се украсувале и патните икони („преклопни“) и иконите на круните за венчавка, па и изненадувањата во велигденските јајца наменети за подарок.
Со скапоцените украси на иконата се изразувала најголема можна почит кон светите ликови. Во Русија практиката на украсување икони датира од 16 век, за на крајот на 19 век да достигне полн уметнички процут.
За изработка на рамките се користеле злато, сребро, скапоцени камења и емајл, како и мошне комлицирани техники на ковање. Најдобрите дворски јувелири се натпреварувале во вештината на изработка и ги следеле модерните тенденции и популарните правци во уметноста, вклучувајќи ги и модерната и „рускиот стил“.
1. Икона на Господ Седржител, 1877.
Една од најчестокористените техники при изработката на рамки бил емајлот. Иконите живо се украсувале со разнобоен емајл и изгледале исклучително убаво, па биле особено возбудливи за нарачателите.
Музеј Фаберже
Иконата на која е прикажан Исус Пантократор потекнува од работилницата на московските трговци и староверци Шелапутини. Тие со икони и со црковни предмети ги снабдувале не само угледните московски староверци како трговците Морозови и Рјабушкински, но и Покровскиот собор на Рогошките гробишта, главната црква на руските старообредници.
Во работата на оваа икона мајсторот ја користел техниката на емајлирање позната под називот клозона, на филигран со билни орнаменти. Работел со малку бои, главно тоа се златна, сина и бела, при што белата е во склад со ризата на Спасителот украсена со бисер.
Трендовите во изработката на оковоти за икони ги диктирал, да се изразиме така, Павел Овчиников, сопственик на фабриката за златни и сребрени производи. Тие биле исклучително барани на дворот. На изложбата во Москва на делата на Овчиников признание им оддал самиот цар Александар Втори, доделувајќи му на јувелирот статус достатвувач на императорскиот двор.
2. Богородица Казањска, 1890
Семејството Карисалов
На иконите со рамки што ги изработувала фирмата на Овчиников често се среќавале билни орнаменти и емајл во боја. Со текот на времето сѐ поприсутни биле делата во „руски стил“, а во рамката јасно се забележува влијанието на модерната.
3. Триптих Спас Неракотворен, 1894
Со оглед на тоа што за производите од фирмата на Овчиников интересот бил огромен, а мајсторите често не успевале да одговорат на него, се прибегнувало кон помош од други фабрики. Така од Антип Кузмичев се нарачани неколку рамки и икони, вклучувајќи го и овој триптих. На иконата е применето и мајсторството во користење емајл и висок уметнички квалитет во работата со метал, ковање и гравирње. Делата на Кузмичев се ценеле на Запад, а со него соработувала и познатата американска фирма Тифани.
Музеј Фаберже
4. Триптих Мајка Божја Казањска со Спас Неракотворен бо зглавје, свети Никола Чудотворец и маченица царица Александра, 1894
Карл Фаберже ја стекнал својата популарност со скапоцените велигденски јајца коишто со години ги правел по царска нарачка. Меѓутоа, за императорот и за членовите на неговото семејство фирмата Фаберже правела и најразлични предмети, од пехари и вази до пепелници и скапи рамки.
Музеј Фаберже
Овој триптих висок 30 сантиметри јувелирите од фирмата Фаберже ги изработиле за венчавката на Николај Втори и Александра Фјодоровна. На иконата е прикажна Мајката Божка со Христос, а над неа Спас Неракотворен, додека на крилата светите заштитници на императирското семејство свети Никола Чудотворец и царицата Александра. На надворешната страна од крилата се наожаат Благовести и евангелисти.
5. Свети Никола чудотворец, 1894
Во 1894 година, кога Николај Втори е крунисан, староверците од московската Рогошка општина на новиот цар му дарувале икона на светитетлот, неговиот имењак, Никола Чудотворед, еден од најпочитуваните светци во Русија.
Музеј Фаберже
На иконата видливо е влиjанието на рамката од древната икона што синот на Иван Грозни, принцот Иван, ја добил на крштевањето кон средината на 16 век. Вртењето кон минатото и „рускиот стил“ биле особено карактеристични за мајсторите-староверци.
6. Свети Никола Чудотворец, 1899-1908
Московската фабрика на браќата Галкин надалеку е позната по техниката на ковање и гравурите. Тие пред сѐ продавале икони и црковни предмети за домашна употреба и работеле на рамки по приватни нарачки.
Музеј Фаберже
На маргините на иконата на која е прикажан Свети Никола Чудотворец впечатливо е завиено ковано стебло од винова лоза. Примероците во аглите направени се од емајл. Ценатрот на композицијата и главниот декоративен елемент претставува венецот околу ликот на светителот. Заднината е изведена со специјална техника на гравирање која продразбира машинско нанесување брановидна мостра. Кон крајот на 19 век овој тренд бил во мода и понекогаш се ценел повеќе од рачното ковање.
7. Воведување на пресвета Богородица, 1899-1908
Русифицираниот Германец Фјодор (Фридрих) Рјукерт имал помала јувелирска работилница. Главно произведувал декоративни предмети со користење руски народни мотиви. Рјукерт, исто така, соработувал со големи фирми, како Фаберже, работејќи на нивни нарачки.
Музеј Фаберже
Рамките на оваа икона комплетно е прекриена со емајл, што се случувало исклучително ретко, па дури и е насликана во техника на емајл. Со метален филигран се врамени не само контурите на фигурата, туку и витките на облеката на светителот, а и пејзажот и најситните детали во заднината изработени се во таа техника.
8. Икона Света Троица со светителот Антипиј и преподобниот Макариј на маргините, 1899-1908
Семејството Карисалов
Провинцискиот јувелир Дмитриј Смирнов награден е со медал на серуската изложба на црковни предмети. Благодарение на талентот се прочул и отворил своја фабрика во Москва. Во атмосфера на голема конкуренција изработувал префинети рамки во модернистички стил. Рамката на оваа икона има широки маргини со билни спирални украси на работите и со кован среден дел којшто уметникот го украсил со голем број скапоцени камења.
9. Триптих Богородица Почаевска, преподобен Јов Почаевски, преподобен кнез Фјодор Острошки, 1899
Семејство Карисалов
Овој триптих со висина од 50 сантиметри е подарок на митрополитот киевски и галициски Јоаникиј од Волинската епархија по повод педесет години од неговото служење на црквата. Во приказот на Богородица и ликовите на светителите се користеле техники на емајлирање, ковање и гравирање. Особено внимание привлекува дрвената рамка во руски стил. Оваа необична икона изработена е во фабриката на Дмитриј Смирнов, но има и печат на фабриката на Игор Фарабров.
10. Архангел Михаил, 1908-1917
Музеј Фаберже
Снабдувачот на императорскиот двор Орест Курљуков отворил своја фабрика и станал лидер во производството на предмети од сребро. Изработувал мошне комплицирани диптиси и триптиси со мноштво елементи и техника, како и поедноставни како оваа. Иконата на Архангел Михаил не е натрупана со декоративни елементи, а рамката се одликува со висок квалитет и уметничка изработка. На крилјата на ангелот се исковани перја, на позлатената туника е префрлен прежест панцир од вериги, додека наметката е украсена со бисери на подлога од црвена фолија.
Изложбата „Убавина на светоста и светост на убавината. Руските икони во скапоцена рамка од колекцијата на семејството Карисалов и музејот Фаберже“ ќе биде отворена до крајот на оваа година во „Музејот Фаберже“ во Санкт Петербург.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа