- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
„Пушкин беше со низок раст“ - напиша за поетот неговата пријателка Вера Нашчокина.
„Величествениот слуга на високата уметност“ беше „со среден раст, речиси низок“, напиша издавачот Михаил Погодин.
Колку всушност бил висок Пушкин?
Има сведоштва од помладиот брат на Пушкин, Лев: „беше со низок раст (имаше нешто повеќе од 5 вршки)“. Тоа, се разбира, е невозможно, бидејќи 5 вршки се нешто повеќе од 22 сантиметри. Историчарите сметаат дека во записот се изоставени 2 аршина. Во тој случај, тоа е нешто повеќе од 166 сантиметри.
Оваа висина ја потврдува и сликарот Григориј Чернецов. Под портретот на Пушкин направен со молив запишал: „Висок 2 аршина и 5 и пол вршки“.
Во советско време, по повод 150-годишнината од Пушкин, академик Игор Грабар ја објави официјалната висина на Пушкин: 166,5 сантиметри.
Само Пушкин, поради некоја причина, проценил дека е висок само 160 сантиметри. По востанието на декабристите во 1825 година, тој сакал илегално да дојде во Петербург од Михајловское, каде што бил во егзил. И направил фалсификуван документ за еден селанец во кој напишал 2 аршина и 4 вршки (т.е. околу 160 сантиметри). Не можел да ја фалсификува висината, бидејќи полицијата веднаш ќе забележела.
Веројатно, таа разлика од 5-6 сантиметри се појавила поради... високата потпетица што ја носеле мажите во високото општество во XIX век. Така што Пушкин навистина бил низок. Иако во негово време тоа била просечната висина на мажите.
Сепак, неговата висина претставувала извор на комплекс за него. Во сите стихови тој се воодушевува од луѓето со висок раст. Покрај тоа, неговата сопруга Наталија Гончарова била една глава повисока од него - околу 175 сантиметри. Затоа на балови се трудел да не биде премногу често покрај неа. Можеме само да претпоставуваме колку се нервирал љубоморниот Пушкин кога во друштвото на Гончарова ѝ се додворувал лично императорот Николај I, кој патем бил висок два метри...