10 најдобри воени фотографии на Дмитриј Балтерманц

Дмитриј Балтерманц/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Дмитриј Балтерманц, еден од најпознатите фоторепортери на СССР, во воените години правеше фотографии кои го прославија низ целиот свет. Неговите главни ремек-дела денес се во нашата колекција.

Кога почна Втората светска војна, во Русија позната како Големата патриотска војна, Дмитриј Балтерманц работеше како фоторепортер за весникот „Известија“. Веднаш беше испратен на фронтот, каде што ги помина сите денови до нападот на Берлин. Овековечените сцени од воената ера го сместија Балтерманц меѓу најдобрите фотографи во светот. Од 1960-тите, изложби на неговите воени фотографии беа организирани во Лондон и Њујорк.

Една од најпознатите репортажни фотографии тој ја направи 1941 година во екот на битката за Москва. Седеше во ров со војниците и ги сними како јуришаат во бој.

Во 1942 година Балтерманц се најде во Керч набргу по ослободувањето на градот и беше сведок на потресна сцена: луѓето избезумени од тага ги бараат останките на своите најмили во Багеровскиот ров (противтенковски ров во селото Багерово) во кој фашистите фрлија тела на илјадници стрелани цивили. Неговата фотографија „Тага“ беше првиот документиран доказ за германските ѕверства.

Во култните фотографии на Балтерманц се вбројува и „Чајковски“. Направена е за време на ослободувањето на Полска, а зборува за обичното секојдневие среде ужасите на војната. Во една полуразрушена куќа околу зачуваното пијано во полски Бреслау (сега Вроцлав), седи група војници, еден од нив свири, а другите слушаат замислено.

За вас собравме уште некои ремек-дела на класикот на советската репортажна фотографија снимени за време на војната.

1. Јуриш, 1941.

2. На пат за Берлин, 1945.

3. Ноќен напад на советски тенкови Т-34-85 во близина на станицата Разделнаја, 1944 година.

4. Тага, 1942.

5. Битка за село, 1941.

6. „Јуриш!“, 1942.

7. Првите денови по ослободувањето, 1944.

8. „Парада на победените“. Германски заробеници на улиците на Москва, 1944. 

9. Девојка го регулира сообраќајот. „Ова е веќе Германија...“, 1945.

10. „Чајковски“, 1945.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња