Локација: Каланчевска улица, 21/40
Година на изградба: 1949-1953.
Што се наоѓа во зградата: хотел „Ленинград“
Изградбата на хотелот „Ленинград“
Archive photoТемелите за хотелот „Ленинград“ беа поставени во 1947 година на 800-годишнината од основањето на Москва. Истиот ден беа поставени темелите и на останатите сталински облакодери. Активната фаза на изградба започна две години подоцна.
Плоштад „Комсомолски“ (Плоштад на трите железнички станици) во Москва и хотел „Ленинград“.
Валентин Шијановски/SputnikАрхитектите и авторите на проектот Леонид Полјаков и Александар Борецки долго време се обидуваа да го решат проблемот со изградбата на нестабилното московско земјиште бидејќи токму под новиот хотел течеа две подземни реки, Рибинка и Чечора. Единствено решение беше облакодерите да се постават на челични купови долги 10 метри. Но, сепак постоеше можност хотелот да „потоне“ во таквото земјиште, па затоа се потрудија објектот да биде што е можно полесен. Затоа овој облакодер е најнизок од сите - заедно со кулата е висок само 139 метри.
Москва ноќе
Алберт ПушкарјовХотелот го доби името по Ленинградската железничка станица која што беше во близина, а посетители почна да прима во 1953 година.
Сталин многу ја сакаше готската и класичната архитектура, па сакаше советските архитекти и дизајнери на ентериер да го комбинираат советскиот монументализам со елеганцијата на готските градби и луксузот на барокот. Оваа архитектонска мешавина подоцна беше наречена „Сталински ампир“ и во тој стил беа проектирани сите облакодери на Сталин.
Архитектите: Леонид Михајлович Пољаков//Александар Борисович Борецки
Public domainМеѓутоа, хотелот „Ленинград“ малку се разликуваше од другите облакодери. Во неговиот ентериер е присутно силното влијание на средновековната руска архитектура. На пример, просторијата пред влезот во лифтот е направена во вид на олтарна ниша, главниот влез на облакодерот е дизајниран во стил на трем, а бело-црвено-златната боја на ѕидовите е типична за древната руска архитектура.
Фасадата на хотелот со пет ѕвезди „Hilton Moscow Leningradskaya“ во Москва.
Кирил Калиников/SputnikПосебно внимание беше посветено на лустерите. Тие личеа на полиелиј, голем свеќник од централниот дел на еден храм, со многу свеќи и кандила, кој ги украсувал православните цркви уште пред владеењето на Петар I. Инаку, еден од бронзените лустери од десната страна на главните скалила е висок 15,5 метри и го зафаќа целиот простор помеѓу првиот и шестиот кат на хотелот. Во моментот на неговото поставување тоа беше најдолгиот лустер на светот, па затоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Лустерот, кој поради своите димензии беше внесен во Гинисовата книга на рекорди.
Кирил Калиников/SputnikПрвично хотелот „Ленинград“ имаше 349 соби, а по реконструкцијата во 2008 година нивниот број се намали на 273. Зградата имаше централизирана климатизација (што беше реткост за градбите од тој период), како и засолниште во случај на бомбардирање кое, како и сите други засолништа, никогаш не притреба.
Ресторанот на хотелот
Кирил Калиников/SputnikПодоцна беше претворено во козметички салон и спа-центар со голем базен.
Базенот во хотелот
Игор КубединовХотелот моментално е во сопственост на синџирот хотели „Хилтон“. Откако од градските власти ги купија акциите на хотелот, новите сопственици во 2008 година извршија целосна реставрација на целата зграда, од надворешната фасада до внатрешните простории и инсталациите.
Hilton Moscow Leningradskaya Hotel
Сергеј Фомин/Global Look PressНикита Хрушчов, кој го замени Сталин на местото шеф на државата, не сакаше ниту еден од облакодерите на Сталин. Тој ги сметаше за олицетворение на помпезност и трошење пари. Тој беше поддржувач на нискоградбата, сметајќи дека во Русија има многу земја, така што нема смисла таа да се штеди, и на неа може да се гради едноставно и евтино. Затоа тесните панелни згради, познатите „Хрушчовки“, станаа олицетворение на функционализмот на 1960-тите.
Фоајето на салата за свечености
Кирил Калиников/SputnikТоа беше генералниот став на Хрушчов, а што се однесува до хотелот „Ленинград“, сè беше уште полошо. Излезе дека цената на неговата изградба е многу висока, а бидејќи никој не се осмели за тоа да го обвини Сталин и неговата желба да изгради облакодер по секоја цена, дури и на мочурливо земјиште и каде што има подземни реки, вината падна директно врз архитектите.
Првиот хол и приодот до рецепцијата на хотелот
Кирил Калиников/SputnikЗа да не „потоне“ зградата, што можеше да се случи поради подземните реки, требаше да биде посебно зајакната. Затоа потрошувачката на челик на 1 кубен метар од зградата достигна 39 килограми, што е една третина повеќе отколку во другите облакодери на Сталин. За таквото „прекумерно трошење“ на оскудниот метал во тоа време, Хрушчов им ги одзеде Сталиновите награди и на двајцата архитекти, а архитектот Леонид Полјаков беше отпуштен од „Моспроект“, по што долго време беше тешко болен.
Хотелот беше критикуван уште долго време, сé до 1960-тите. И дури по многу години, во 1978 година, облакодерот беше прогласен за објект на културното наследство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче