„Апотеоза на војната“, 1871, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаКупишта черепи, триумф на непријателската војска, отсечени глави на руски војници – вака војната и нејзините последици ги има документирано на сликарско платно и на цртежи од „Туркестанската“ серија Василиј Верешчагин и со тоа ги шокирал современиците. Од стравотиите што избиваат од неговите платна и денес луѓето ги лазат морници. Каде и како уметникот ги барал своите мотиви?
Василиј Верешчагин, 1890, Павел Жуков.
Public domainВасилиј Верешчагин е роден 1842 година во руско благородничко семејство. Родителите сметале дека воената кариера е најдобар избор за нивниот син. Момчето рано покажало љубов кон цртањето, но за негово испраќање на Академијата за уметност не станувало ни збор. „Срамота“, ги има запишано уметникот во своите мемоари зборовите на своите родители кога ќе се споменела академијата.
И покрај сето тоа, смелото и своеглаво момче како дипломец на Морнаричкиот кадетски корпус во Санкт Петербург, сепак се запишал на Академијата за уметност. По три години заминува во Париз каде што студира сликарство кај Жан-Леон Жером. А, на крајот од студиите го чека неочекувана понуда во татковината...
„Под градските ѕидини. Пуштете ги да влезат!“, 1871, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаПрвиот генерал-губернатор на Туркестан Константин Петрович фон Кауфман го повикува 25-годишниот Верешчагин да го следи на неговиот имот во својство на „дворски“ сликар. Како што подоцна ќе опише Верешчагин, заминал таму да го види вистинското лице на војната. „Замислував... дека војната е некаков вид парада, со музика и султани во лелеави одежди. Со знамиња и татнеж на топови, со коњи во галоп, со голема помпа и незначителна опасност, и секако, за атмосфера, со неколкумина ранети војници на умирање...“ Меѓутоа, она што го чекало во Турекстан засекогаш ја превртело свеста на Вершчагин за војната.
Апотеоза на војната, 1871, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаПо доаѓањето ги проучувал животот и обичаите на локалното население, сликал пејзажи, портрети и жанровски сцени. Кога руската војска го зазела Самарканд, се упатил таму во состав на мал гарнизон. Поради ненадејна опсада на тврдината и побуна на мештаните бил принуден да ги остави четките и да се фати за оружје, па за првпат во животот да го „почувствува мирисот на барутот“. Одликуван е со Орден за одбрана, а подоцна има учествувано и во други битки во текот на ова и на следното патување во Туркестан.
Во текот на три години од воените походи и патувања во Азија, Верешчагин има направено неколку стотици цртежи и скици. Сите тие станале основа на грандиозната „Туркестанска серија“ што сликарот ја започнал по заминуавњето во Минхен во 1871 година. На неа работел повеќе од три години и ја прикажал војната без разубавување. Вака ги опишал своите чувства во текот на работата: „Она што го сликам го земам премногу при срце; ја оплакувам (буквално) болката на секој ранет и убиен“.
„Смртно ранет“, 1873, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаОдважноста на уметникот високо била оценета во Европа, но наишла на осуда во неговата татковина,
Туркестанската серија опфаќа 13 слики, 81 скица и 133 цртежи. Сите дела заедно за првпат се претставени во 1873 година во Лондон. Публиката и критичарите оваа изложба срдечно ја пречекале. Следната година изложбата била преселена во Санкт Петербург, каде што е пречекано со шокантно неразбирање на антивоените пораки на уметникот.
„Триумф“, 1872, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаЈавноста очекувала да види триумфален руски војник како победнички маршира по степите на Туркестан, а наместо тоа ја добила страшната вистина со шокантни детали. Како, на пример, глави на руските војници набиени на колец на сликата „Триумф“, или делото-предупредување „Апотеза на војната“ со пирамида од човечки черепи и забелешка на уметникот: „Посветено на сите големи освојувачи – минати, сегашни и идни“.
„Напад на изненадување“, 1871, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаПротив Верешчагин била покрената голема хајка. Го нарекувале предавник на Татковината и го обвинувале за симпатии кон непријателот. Незадоволство изразил и Александар Втори, а академикот Н.Л. Тјутрјумов дури и го обвинил Вершчагин дека има направено само почетни скици, додека самите слики ги има изработено некое здружение на уметници во Минхен. Навредениот Вершчагин во знак на протест исекол и запалил три слики од серијата: „Пред градски ѕидини. Продреа“, „Опколени сме – зад петите ни се...“ и „Оставени“.
„Продажба на дете-роб“, 1872. Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаМеѓутоа, виртуозниот мајстор на сликарството имал и маса обожаватели. Имало и такви кои сакале да купат определени дела од серијата во Санкт Петербург, но Верешчагин инсистирал таа да биде продадена во целост. Така и било – продадена е на колекционерот Павел Третјаков, кој истата година ја покажал на московската публика. Благодарение на него, денес сите дела од серијата се достапни за посетителите на Третјаковската галерија во Москва.
„Вратата на Тимур (Тамерлан)“, 1872, Василиј Верешчагин
Третјаковска галеријаПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче