- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Лев Бородулин (1923-2018) беше вистинска легенда на советската спортска фотографија и еден од водечките фотографи на култното списание „Огоњок“. Овој иноватор во жанрот спортска фотографија ја продолжи традицијата на авангардните уметници како што е Александар Родченко. Многу од неговите снимки се добро познати и се продаваа на најпознатите светски аукции.
За време на Олимписките игри во 1960 година Бородулин ја направи познатата фотографија „Од скокалницата“ која се најде на насловната страница на списанието „Огоњок“. На неа спортистката е фатена одзади во моментот на скокот. Советската власт ја критикуваше фотографијата за нејзиниот формализам и фриволноста, па така таа истовремено стана скандалозна и позната.
Погледнете ја оваа и другите познати фотографии на советскиот мајстор.
Скок во вода (Од скокалницата), 1960.
Borodulin Collection
Спортска парада, 1956.
Borodulin Collection
А кои се судиите? 1957
Borodulin Collection
Воден фестивал, 1960.
Borodulin Collection
Гимнастички круг, 1967.
Borodulin Collection
Спортски орнамент, 1956.
Borodulin Collection
Во вселената! 1964.
Borodulin Collection
Во кривина, 1955.
Borodulin Collection
Од 3 август до 17 ноември 2023 година во Еврејскиот музеј и центар за толеранција во Москва ќе биде одржана изложбата „Лев Бородулин – Претчувство на моментот“.