Кои холивудски ѕвезди би можеле да играат руски цареви

Во претстојното остварување на Ридли Скот „Наполеон“, рускиот цар Александар I е портретиран од младиот француски актер Едуар Филипон. Тој е сјаен, но имаме и други идеи за тоа кој би можел да ги толкува улогите на руските цареви, можеби дури и посјајно од оние на Скот.

Џон Туртуро како Иван Грозни

Освен очигледната физичка сличност, Џон Туртуро маестрално одигра низа улоги на негативци, што многу одговара на популарната во масовната култура и, за жал, невистинитата слика за „страшниот“ руски цар.

Николас Кејџ како Петар Велики 

Николас Кејџ, кралот на непослушните, духовити и делумно хистерични улоги на карактерот, може добро да ја одигра улогата на Петар Велики, реформаторот на рускиот живот, пијаница и женкар и човек со истакнати мустаќи.

Мајкл Шенон како Павле I 

Изразената сличност на лицето не е единственото нешто што нé наведе да размислуваме за Мајкл Шенон како актер кој би бил соодветен за улогата на Павле I. Поради неговата глума во серијата „Царството на порокот“, сигурни сме дека тој би можел да го игра проблематичниот гениј, склон кон изливи на гнев, како што бил царот Павле Петрович.

Мерил Стрип како Екатерина Велика 

Колку и да беше величествена Хелен Мирен како Екатерина Велика во истоимената серија од 2019 година, и понатаму мислиме дека изразито кралскиот став и држењето на Мерил Стрип би можеле да бидат одлични за оваа улога.

Џуд Ло како Николај I

Персоната на Џуд Ло на екранот е далеку од ликот и ликот на Николај I. Во реалниот живот, Николај бил тежок перфекционист и немилосрден командант. Но, сличноста во нивниот изглед е исклучителна.

Колин Фирт како Александар II

Во еден од неговите филмови Колин Фирт толку потсетува на Александар II што е просто зачудувачки.

Дејвид Бекам како Александар III

Еден од најлудите избори на актери кога било. 

Хју Лори како Николај II

Еден од најсаркастичните актери сигурно одлично би ја одработил улогата на последниот руски цар, кој и самиот сакал саркастични шеги.

Бонус: Леонардо Ди Каприо како Ленин

Се надеваме дека еден ден ќе дојде и тој момент :)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња