Модерна гардероба со руски и советски мотиви

Alexandra Pustyreva Design; Beautiful Criminals
Традицијата опстојува благодарение на интерпретацијата. Овие руски дизајнери навистина успеаја да го внесат рускиот стил во современите парчиња облека - дуксерите, маиците и тренерките.

Руските брендови не само што креираат облека врз основа на мотивите на традиционалната руска народна носија, туку создаваат и модерна облека со осврт на традицијата, занаетите и мотивите од бајките.

Маици со руски „калиграфски вез“

Овие маици ги дизајнираше Татјана Кручених, основач на брендот Amano_dress. Како што самата напиша на официјалната страница на „Инстаграм“ на својот бренд, идејата ѝ паднала на памет за време на наставата на курсот по руски „вјаз“ (кирилична калиграфија), на кој Татјана сосема спонтано се пријавила. На часовите учениците пишувале фрази од Светото писмо, па Татјана посакала да го комбинира фонтот со нешто актуелно. Така настанаа маичките: „Бог устал нас любить“ (слободен превод: „И на Бога му здодеавме“) и „Делай добро и бросай его в воду“ (Прави добро и фрли го во вода“).

Митолошки мотиви и детски играчки на корсети

Брендот Kosskoss на Александра Пустирјова креира стилска облека, особено корсети со мотиви од народните бајки, фолклорот и другите културни кодови на руското фолклорно наследство. Така, меѓу производите на брендот може да се најде корсет со митолошката птица Сирин, како и корсет со советската детска кукла „немирка“.

Орнаменти на дуксери со и без качулка

Втиснат дезен или печатење на ткаенина е вид на руска домашна ракотворба, нанесување принт или шара на ткаенина рачно или со помош на плоча за печатење со релјефен дезен. Втиснатиот дезен ја инспирираше Варвара Зенина да креира дуксери со и без качулка за нејзиниот моден бренд.

Блуза во стилот „гжељ“ и тренерка со лента

Ирина Матјушенко, основач на брендот Beautiful Criminals, го опишува својот проект како „мешавина на фолк, мистицизам, бајки и модни трендови“. Покрај блузата со осврт на традиционалните занаети и тренерките од 1990-тите со руска лента, на веб-страницата на брендот можете да најдете многу неочекувани варијации на руски мотиви, како што е маица со речиси гола девојка насликана во стилот „гжељ“.

Советска тренерка и џемпер „Олимпијада 1980“

Брендот „Олово“ најде инспирација во советската спортска униформа, креирана специјално за Олимписките игри 1980 година, и врз основа на неа дизајнираше модерен комплет. Заедно со спортските панталони и горниот дел тренерка со патент, во комплетот добивате и капа.

А хокејот на трева, еден од спортовите на московските Олимписки игри 1980 година, се најде како орнамент на џемперот.

Тексас-јакна со двоглав орел и капут са жар-птица

Станува збор за атрактивни парчиња облека на брендот Russmotive, кој е препознатлив по златовезот, рачен вез со златни конци како начин за разубавување на облеката. Со тоа овој бренд го поддржува зачувувањето на руските традиции и занаети.

Маица со долги ракави со шестокрил серафим и мандорла (аура во вид на бадем)

Во Москва се наоѓа православен храм „Свештеномаченикот Антипа Пергамонски“, каде се создадени неколку комерцијални проекти. На територијата на храмот има кафуле, а на својата веб-страница продава сувенири. На пример, цртежот што послужил како апликација на првата маица со долги ракави го направил иконописец чии икони можат да се видат во самиот храм. А инспирацијата за сликање на друга маичка е пронајдена во иконата „Преображение“ на Теофан Грк. Според јерејот на оваа православна црква, ваквите проекти ги обединуваат сите учесници во текот на работата, помагаат да се покријат потребите на храмот и ја демонстрираат важната духовна смисла.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња