Балалајката првпат се споменува во пишаните извори на крајот на XVII век. Балалајката е поедноставена верзија на домрата, исто така инструмент со три жици што го користеле патувачките музичари скомрахи.
Како и домрата, балалајката првично била забранета од Руската православна црква како „ѓаволски“ инструмент. Но, во XVIII и XIX век балалајката станала многу популарна меѓу Русите. Нејзините високи тонови и енергичниот звук биле совршена придружба за танцување.
Балалајќа