Легендарниот шпил карти кој во Русија сé уште се користи за игра!

Public Domain
Дури и ако не сте коцкар во душа, голема е веројатноста да сте ги виделе илустрациите на „Сатенскиот“ шпил.

Овој шпил во 1860-тите го смислил сликарот Адолф Шарлемањ, внук на францускиот скулптор Жан-Батист Шарлемањ-Боде, кој дошол во Петербург уште во времето на Екатерина II.

Адолф бил инспириран од стар француски шпил, со тоа што значително го променил и поедноставил цртежот. На некои карти додал типични руски елементи. На пример, на штитот на „џандарот срце“ го додал двоглавиот орел од рускиот грб. Патем, токму Шарлемањ бил автор на официјалниот државен грб на Руската империја.

Шпилот на почетокот бил наречен „Сатенски“ (рус. „Атласный“) поради високиот квалитет на хартијата на која се печателе картите. Хартијата била натопена со талк и сапун, така што картичките сјаеле и одлично се лизгале при мешањето. Подоцна шпиловите почнале да се печатат и на хартија со послаб квалитет, а називот „сатенски“ се користел за цртеж во стилот на Адолф Шарлемањ.

Шпиловите во Руската империја се печателе со одобрение на императорт. Државата имала монопол во тој бизнис, па за таа цел била основана и специјалната Императорска фабрика за карти. Добивката одела во императорскиот добротворен фонд. Амблемот на фондот бил прикажан на „кецот баклава“.

Звучи чудно, но печатењето на „сатенските“ шпилови продолжи и по револуцијата од 1917 година. За волја на вистината, беа отстранети сите царски атрибути. Најмногу променет беше токму „кецот баклава“. Сè уште на тие шпилови се печати зборот „атласный“ како знак на врвен квалитет.

Оригиналните скици на Адолф Шарлемањ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња