Зошто некои мислат дека Конан Варваринот потекнува од Русија?

Култура
RUSSIA BEYOND
Оригиналната серија книги која лежи во основата на сагата за Конан Варваринот содржи интересен факт, имено: авторот Роберт Е. Хауард го нарече својот херој „Конан Кимериецот“. А Кимеријците навистина постоеле!

Кимеријците, инаку, биле индоевропски народ од Централна Азија, кој се доселил на брегот на Црното Море, населувајќи и делови од Кримскиот полуостров и областа околу Керченскиот теснец. Тоа, всушност, ни сугерира дека Конан Варваринот е роден на територијата на денешна Русија.

Но, не брзајте со заклучоците! Како љубител на историјата, Хауард сфатил дека ќе биде тешко да се држи до историските факти при пишувањето книга. За да не ги оптоварува читателите со долги објаснувања и непотребни детали, писателот измислил фиктивна ера во која ги сместил своите јунаци. Измислената Кимерија - мрачна и негостољубива земја - е само фантазија на Хауард која нема ништо заедничко со историската реалност, освен што нејзиното име е изведено од името на едно некогаш постоечко племе.

Повеќе информации за „руското потекло“ на Конан преку овој линк!