Како раководството на СССР за ракопис на Ленин плати со слика на Кандински

Kira Lisitskaya (Photo: Public domain; Tristan Fewings/Getty Images for Sotheby's)
Општо се смета дека болшевиците продаваа бесценети уметнички дела на Запад само во 1920-тите и 1930-тите. Меѓутоа, ретки епизоди се случуваа и подоцна.

Денес, ремек-делата на Василиј Кандински, родоначалникот на апстрактното сликарство, се продаваат на аукции за рекордни суми. Меѓутоа, за советската власт неговите дела не претставуваа голема вредност. Во 2017 година, неговата „Слика со бели линии“ (1913) беше продадена во Sotheby's за 42 милиони долари. Се покажа дека сликата има интересна историја. Имено, во 1974 година СССР ја замени за малку познато писмо на Ленин.

Советската влада буквално водеше потрага по сите документи поврзани со името на водачот на револуцијата, а особено беше заинтересирана за неговите ракописи, дури и за кратки белешки и писма. Доколку такви работи се најдоа во сопственост на граѓаните на СССР, тие биле должни да ги предадат на властите. Но, кога се покажа дека некој документ се наоѓа во странство, властите беа принудени да се снаоѓаат, вклучително вклучувајќи ја можноста за купување и размена.

Во 1974 година советските власти дознаа дека постои оригинал на писмо на Ленин до болшевикот Григориј Алексински од 7 февруари 1908 година. Како што тогаш објави германскиот весник „Шпигел“, со Москва контактирал колекционерот Вилхелм Хак кој дознал дека неговите пријатели поседуваат писмо на Ленин. Тој самиот предложи писмото да се замени за слика на Кандински.

Писмото веќе беше објавено во советскиот печат, но се покажа (а според условите на договорот, германската страна тоа не смееше да го објави) дека писмото содржи претходно непознат постскриптум. Во него се споменува еврејското прашање, а советските власти стравуваа дека Западот би можел да го искористи писмото за антисоветска пропаганда.

Прашањето за размена беше разгледувано на највисоко ниво и беше позитивно решено. Партијата му нареди на Министерството за култура да му предаде една од сликите од депото на Третјаковската галерија на КГБ и таа да се размени за оригиналот на писмото.

Сопственикот на писмото сакаше да остане анонимен. Многу подоцна, на веб-страницата на Sotheby's беше објавена историјата на сликата, која вклучуваше и листа на сопственици на платното, од Третјаковската галерија до колекцијата на Хак, од каде сликата заврши на аукцијата во Sotheby's.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња