Владимир Љубаров, сликарот кој го опеа руското село

Владимир Љубаров / Галерија ARTSTORY
Делата на Владимир Љубаров се карактеризираат како „слики со маслени бои од домашно производство“. На неговите платна оживуваат симпатични народни слики и руски селски сцени, час вистинити, час фантазмагорични.

Во 1991 година уметникот купи куќа во селото Перемилово во близина на Москва. И на тој начин буквално беше вовлечен во романтиката на селскиот живот. Направи цел циклус слики „Селото Перемилово“, на чие создавање го инспирираа локалните жители и реалноста. Отпрвин, „Перамиловците“ не разбраа зошто уметникот не слика убави цвеќиња, туку „пијани мажи и дебели жени“. Но, кога дознаа дека делата на Љубаров се изложувани дури и во странство, престанаа да негодуваат.

Јунаците на Љубаров гледаат во ѕвездите, ги гушкаат своите сопруги, работат во домаќинството и шетаат низ селото, често без причина.

Самиот уметник признава дека руската народна графика лубок за него претставува цел резервоар на инспирација, но несомнено и добра причина за национална гордост, рамо до рамо со високата уметност. Љубовта кон руската народна графика, како и кон наивната уметност се важни одредници на творештвото на овој уметник.

Избор за мис, 2013.

Контакт, 2019.

Рана пролет, 2014.

Долго чекање, 2015.

Гостин од Африка тренира со Перемиловци, 2022.

Предавање за паранормални појави, 2012.

Месечари, 2006.

Оган, 2009. 

Надја го моли Коља да полетаат, 2015.

Зора во селото Верхние Петушки (во превод - горни петлиња), 2022.

Селото Капустино (рус. капуста – мак. зелка), 2020.

Изложбата „Владимир Љубаров. Коља гледа со третото око“ е отворена во московската галерија ARTSTORY и ќе трае до 30 јули 2023 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња