За името на московскиот уметник Аљона Дергилева првенствено се поврзуваат вдахновени илустрации на литературни дела. Сепак, таа освои место во срцата на најшироката публика со неодоливите акварели кои зрачат со автентичниот дух на Москва.
Домар чисти снег, курири во препознатлива облека со карирани ранци на грбот брзаат да ги достават нарачките, човек влегува во метрото... Во фокусот на уметничкиот интерес на Аљона Дергилева повеќе од 25 години се наоѓа Москва, а како што градот незапирливо се менуваше, многу нешта денес останаа забележани само на нејзините дела.
Во делата на оваа уметница, наместо гламурозна Москва, мегалополис со електрични тротинети и скапи автомобили на секој чекор, централното место го зазема старата пријатна престолнина.
Лето, метро-станицата „Плоштад на Револуцијата“
Маркантни луѓе во Подколокољниот сокак
Пред храмот „Сесвети“ на Кулишки
Улицата „Голема Пироговскаја“ бр. 17
Метро-станицата „Проспект на Мирот“
Интересна куќа на Чистопрудниот булевар
Чудо во улицата „Остоженка“
Храмот на пророкот Илија Обидени
„Бистродењги“ (заложилничари и заемодавци „Брзи пари“) на Стараја Басманаја
Големиот Сухаревски плоштад
Изложбата на дела на Аљона Дергилева „Нацртана Москва“ беше отворена на 15 февруари во Руската академија на уметностите, а ќе може да се погледне до 5 март оваа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче