Католичката катедрала „Безгрешното зачнување на Пресвета Дева Марија“ Москва, Русија.
Legion MediaХрамот „Христос Спасител“, Москва
Gabriele Sotgiu (CC BY-SA)Ова е најголемиот православен храм во Русија и главниот соборен храм на Руската православна црква. Има површина од околу 8000 квадратни метри, висок е 103 метри и 10000 луѓе.
Првобитниот храм е изграден кон средината на XIX век, но болшевиците го урнаа борејќи се против религијата и на тоа место изградија отворен базен „Москва“. Современиот храм е реконструкција на оригиналот, изградена во текот на 1999-тите.
Храмот „Св. Исакиј“ (Исакиевски храм), Санкт Петербург.
Legion MediaОва е најголемиот храм во Петербург и еден од најголемите православни храмови во земјата. Се градеше долги 40 години, но на крајот излезе многу убава градба во стилот на класицизмот. Неговата површина е околу 4.000 квадратни метри, висок е 101 метар и може да прими од 12.000 до 14.000 луѓе (се сметало дека во XIX век примал 7.000, поради дамите кои носеле раскошни фустани во тоа време).
Главниот храм на Вооружените сили на РФ (Храм „Воскресение Христово) во паркот „Патриот“, Московска област.
Legion MediaТоа е третиот по висина православен храм во Русија по храмот „Христос Спасител“ и Исакиевскиот собор. Заедно со куполата е висок 96 метри. Изградбата беше завршена во 2020 година. Храмот е посветен на 75-годишнината од Победата во Втората светска војна. Може да прими 6000 луѓе, а површината на црквата заедно со музејскиот комплекс зазема 11000 квадратни метри.
Католичката катедрала „Безгрешното зачнување на Пресвета Дева Марија“ Москва, Русија.
Legion MediaТоа е најголемиот католички храм во Русија и соборен храм на Московската надбискупија на Римокатоличката црква (може да прими над 2000 верници). Католичкиот храм во неоготски стил е изграден на почетокот на ХХ век и беше тешко оштетен во советско време, но беше обновен во текот на 1990-тите.
Оваа соборна џамија со две минариња во Република Дагестан е изградена во текот на 1990-тите. Како инспирација на проектантите им послужи Сината џамија во Истанбул. Во текот на 2000-тите џамијата беше реконструирана така што нејзината површина стана поголема и сега е една од најголемите џамии во Европа - може да прими 15000 луѓе.
Фотографија од воздух на Новата соборна џамија во Москва.
A.Savin, WikiCommonsМосковската Соборна џамија има површина поголема од 18000 квадратни метри и може да прими 10000 луѓе. Првата џамија на ова место беше изградена во 1904 година и не беше затворена дури ниту во советско време, а во текот на 2010-тите беше темелно реконструирана. Има три минариња, а едно од нив е највисоко во земјата (72 метри).
Џамијата „Срцето на Чеченија“ во Грозни.
Григориј Сисоев/SputnikОваа чеченска џамија е исто така една од најголемите, не само во Русија, туку и во цела Европа. Изградена е во рекордно време, за само две години и отворена во 2008 година. Има четири минариња и површина од 5000 квадратни метри, може да прими над 10000 луѓе.
Златното светилиште на Буда Шакјамуни, најголемиот будистички храм во Русија и Европа се наоѓа во Елиста, главниот град на Република Калмикија.
Aleksei Kharin (CC BY-SA)Во главниот град на будистичката република Калмикија се наоѓа најголемиот будистички храм во Европа, изграден во 2005 година. Внатре во храмот се наоѓа статуа на Буда висока девет метри. Овој храм на тибетскиот будизам е благословен од 14-тиот Далај Лама. Посветен е на националниот Празник на кандилата, како и на сеќавањето на депортацијата на Калмиците во Сибир и на рускиот Далечен Исток во советскиот период.
Иволгинскиот дацан, будистички манастир во Улан Уде, Бурјатија.
Legion MediaВо близина на Улан-Уде, главниот град на републиката, се наоѓа духовниот центар на Будистичката традиционална санга (будистичка монашка заедница) на Русија. Невообичаено е што дозволата за нејзина изградба е добиена во советско време, уште во 1945 година. Цогчен-дуган (главниот соборен храм) беше изграден во текот на 1970-тите, а во 2000-тите на територијата на дацанот беше изграден Храмот-дворец на Хамбо-лама Итигелов, каде што нераспаднатото тело на ламата се чува како светиња.
Во март 2023 година во република Тува беше завршена изградбата на нов будистички манастир „Тубтен Шедруб Линг“ („Обител на објаснувањата и праксата на учењето на Буда Шакјамуни“). Манастирот само што не е отворен. Се соопштува дека тој дацан ќе биде најголемиот во Русија. Локацијата за негова изградба уште во 1992 година ја благослови 14-от далај-лама Тенцин Ѓацо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче