Вечерта на 27 април 1945 година советската армија влегува во Берлин, а веќе на 2 мај црвеноармејците ја заземаат борбената кула во близина на берлинската зоолошка градина. Во неа, покрај болницата и бегалците, пронајдени се и експонати од берлинските музеи. Меѓу нив има и три големи сандаци со познатото „Злато од Троја“. Набргу потоа ковчезите повторно исчезнуваат, за на почетокот на 1990-тите повторно да бидат пронајдени, и тоа во Москва.
Хајнрих Шлиман, 1870.
Конгресна библиотека/Public DomainСинот на протестантски свештеник од Мекленбург и археолог-аматер Хајнрих Шлиман (1822-1890) уште од детството е опседнат со желбата да ја открие Троја. Читајќи го Хомер дознава за Тројанската војна и му влегува во глава дека мора да го пронајде античкиот град. Фасциниран од таа идеја, Шлиман со години ја бара Троја.
По две години ископувања на ридот Хисарлик во Турција, на 31 мај 1873 година под урнатините на античкиот град Шлиман наоѓа сребрен сад со скапоцености од злато тешки 1,5 килограми. На пронајдокот му го дава името „Богатството на Пријам“ (по името на еден од царевите од ерата на Тројанската војна), а античките урнатини ги прогласува за остатоци од легендарната Троја. Но, тој сепак е аматер и се потпира само на описите на Хомер, па не е ни чудо што се покажа дека не е во право. Имено, подоцна научниците ја побиваат неговата теорија, утврдувајќи дека трагите на Троја би можеле да бидат во горните слоеви на теренот што Шлиман го уништил со копање, додека „Богатството на Пријам“ всушност припаѓало на некој постар период. Но, откритието останува познато како „Златото од Троја“.
Поглед на тројанските ископувања на Шлиман. Гравура, XIX век.
Public DomainБогатството уште тогаш можело да заврши во Русија, бидејќи неколку години подоцна Шлиман му нуди на Руското археолошко друштво да го откупи пронајдокот, но договор не е постигнат. Малку подоцна, во 1881 година, претприемничкиот авантурист ја донира својата збирка на Берлин во замена за титулата почесен граѓанин и одредена материјална компензација. Од 1922 година богатството е изложено во Музејот на праисторијата и раната историја. Оттаму, заедно со експонати од други музеи е евакуирано во борбената кула до зоолошката градина, која била изградена по лична наредба на фирерот специјално за заштита од воздушни напади и е третирана како идеално засолниште.
Народниот уметник на СССР Игор Емануилович Грабар, 1950.
Михаил Озерски/SputnikВојниците на Вермахтот ограбуваат и уништуваат огромен дел од културното наследство на окупираните народи. Затоа уште во екот на војната е поставено прашањето за надомест на штетата. Така, во 1942 година е формирана специјална комисија за проценка на загубите во сферата на културата. Според подацима што ги објавува таа на крајот на 1940-тите, загуби имаат 173 музеи и 4.000 библиотеки и архиви. Во рамките на споменатата организација работи и Биро за вештачење на чело со познатиот советски сликар, реставратор и историчар на уметноста Игор Грабар.
Предлагано е, меѓу другото, на ист начин да се надоместат и уништените ремек-дела. Така, како пример за проценка на загубите е наведен Спасо-Преображенскиот храм на Нередица, уништен од германската артилерија. Станува збор за споменик на руската средновековна архитектура и иконопис од XII век. Грабар предлага во замена за него „да ја земеме и пренесеме катедралата во Ремс, на пример“.
Спасо-Преображенската црква на реката Нередица, 1880.
AeJse Trasarebre/Swedish National Heritage Board/Public DomainВо својство на еквивалентна компензација за нанесената штета фигурира и „Сикстинската Мадона“ на Рафаел од Дрезден, која подоцна ќе биде однесена во СССР, а потоа вратена во Источна Германија во текот на 1950-тите. Токму Грабар раководи со составувањето списоци на уметнички предмети што можеле да бидат извезени во СССР. На списокот има 1745 дела од значење за светската култура, вклучувајќи го и Златото од Троја.
Ризницата на Пријам
Public DomainМузејските артефакти пронајдени во борбената кула во близина на зоолошката градина се први на ред за извоз во СССР. „Берлинската зоолошка градина треба да биде под контрола на англо-американската окупациска зона... <...> ...Издадена е наредба за итно пренесување на сите вредни предмети од борбениот бункер во источниот дел на Берлин и засега нека се чуваат во магацините на замокот на Фон Тресков во Фридрихсфелд и во Берлинската кланица“, пишува во едно писмо Андреј Белокопитов, раководител на „трофејната бригада“ на Уметничкиот комитет.
Борбената кула, 1944.
Wolfgang Weber/Getty ImagesЕден број од најважните уметнички дела се извезени од Берлин со специјален авион кој на 30 јуни 1945 година полетува од аеродромот Темпелхоф и слетува на московскиот аеродром Внуково. Во советскиот главен град музејот „Пушкин“ е еден од центрите за прием на скапоцениот товар, вклучувајќи го и Златото од Троја.
Златна дијадема од ризницата на Пријам.
Државен музеј на ликовните уметности „А. С. Пушкин“/Public DomainСите тие предмети во 1949 година, според одлуката на раководството на земјата, се сместени во таканаречениот „Посебен фонд“ без право на нивна публикација и изложување. Пристапот до таа ризница со специјална инструкција е забранет за сите освен за луѓето задолжени за нивното чување.
Советската власт во текот на 1950-тите носи политичка одлука да ѝ врати одреден број уметнички дела на Источна Германија. На пример, живописните ремек-дела од Дрезденската галерија. На списокот е и Тројанската ризница на Шлиман, но 260 предмети од злато, сребро, горски кристал и камен сепак остануваат во Москва, додека 414 бронзени и керамички артефакти се сместени во Ермитаж. Сè уште не е познато зошто овие предмети се задржани во СССР.
Колекцијата на Шлиман речиси до средината на 1990-тите е недостапна за научниците и пошироката јавност. Притоа, поради долгогодишното чување во „спецхрана“ (оддел во библиотеките со специјално обезбедување), се смета дека дури и дел од неа е изгубен. Дури во декември 1994 година експертите добиваат можност за првпат детално да се запознаат со неа, а две години подоцна во музејот „Пушкин“ е отворена изложбата „Ризниците на Троја од ископините на Хајнрих Шлиман“. Тогаш илјадници луѓе имаат можност да ја видат познатата збирка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче