Осми март во Советскиот Сојуз официјално стана неработен ден во 1965 година, иако претходно долго време се славеше како празник. „Ако идните историчари посакаат да дознаат кој ја започна руската револуција, нема да имаат тешка работа. Револуцијата ја започнаа гладни жени и деца кои бараа леб“, напиша во своите дневници социологот Питирим Сорокин опишувајќи го она што се случуваше во Русија во 1917 година.
Штрајкот на петроградските работнички на 23 февруари (8 март) 1917.
МАММ/МДФСè започна во 1917 година со штрајкот на работничките во фабриките за ткаење, кој започна во Санкт Петербург на 23 февруари, односно на 8 март според Грегоријанскиот календар. Една недела подоцна тоа веќе не беше штрајк, туку соборување на монархијата. Жените тогаш уништуваа трамвајски вагони и демолираа продавници, барајќи почитување на работничките права и соборување на монархот.
Меѓународниот ден на жената, 8 март 1924.
Георгиј Зелма/МАММ/МДФТој бунт е настанот од кој потекна празникот 8 Март во СССР. Во некои земји, Денот на жената некое време се одбележуваше на 2, 9 или 12 март, па дури и на 2 и 12 мај. Осми март дојде во меѓународното левичарско движење од Русија. Тој ден во СССР за прв пат е одбележан како празник во 1921 година.
На приредба во чест на 8 март
Фотографии на корисник на russiainphoto.ruВо наредните години брзо избледе асоцијацијата на 8 март со протест против нееднаквоста. Наместо тоа, во преден план изби глорификацијата на советската жена како работничка, мајка и комунистка. Жените беа величани како гордост на советското уредување и симбол на неговата прогресивност.
Штрајк на работнички, 19 март 1917.
МАММ/МДФСоветската држава навистина имаше со што да се пофали во однос на женските права. По Февруарската револуција, жените добија право да гласаат на избори. Во Велика Британија ова право ќе им биде дадено на жените една година подоцна, а во САД дури три години подоцна. Советските жени служеа како пример за британските и американските суфражетки. Меѓутоа, набргу потоа, меѓународните врски меѓу активистките беа прекинати. Во СССР „женското прашање“ го решаваше државата и тоа во свој, советски стил.
Прослава на 8 Март 1938.
МАММ/МДФОсми март стана ден на свечени состаноци во фабриките, каде работничките зборуваа за достигнувањата на жените во индустријата. Покрај тоа, како што во 1927 година пишуваше во еден весник во Тверската губернија, „осми март е ден на смотра на силата на милиони работнички и селанки“. Со други зборови, жените по повод празникот биле повикувани на ударничка работа. Најдобрите работнички добиваа признанија за надминување на нормата. Во исто време, жените сè уште сами ги извршуваа сите домашни работи.
Уредување на излогот во продавницата „Подароци“ пред 8 март, 1967.
Исак Тункел, Дмитри јУхтомски/МАММ/МДФ/Russia in photoДо промена дојде дури кон средината на векот, кога, според историчарката Наталија Козлова, беше формирана „армија на работнички и родилки“. Во 1965 година 8 Март е прогласен за неработен ден и оттогаш се слави во кругот на семејството. Тоа беше пресвртна точка во начинот на кој руското општество го перцепираше овој празник.
Во хостел на работници, организирана изложба на ракотворби на 8 март,1962.
Г. Ефимовски/Череповецки сојуз на музеи/Russia in photoРазгледувањето на „исклучителните успеси“ на жената беше брзо потиснато во втор план и сé почесто жените беа фалени како претставнички на понежниот пол и добри домаќинки.
Продажба на мимози на Централниот пазар на Цветниот булевар во Москва во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 Март 1956.
А. Аганов/SputnikНаместо состаноци на работното место, жените примаа честитки од мажите, најчесто во вид на претстава. Со текот на времето, главен подарок за 8 Март стана цвеќето, поточно мимозата. Надежда Крупскаја, сопругата на Владимир Ленин, наводно предложила на жените да им се подаруваат мимози за 8 Март бидејќи овие цвеќиња биле евтини и секој работник можел да ги купи. Освен тоа, во тој период од годината некое друго цвеќе не ни можеше лесно да се најде во Русија.
Честитки по повод празникот. Москва. 8 март 1991.
Виктор Будан/TASSНа тој ден, мажите ја преземаа улогата на домаќинка дома. Наутро ѝ подаруваа цвеќе на поубавата половина, а потоа подготвуваа појадок и ручек за целото семејство (искрено, тоа го правеа само на осми март). Сега од жената не се очекуваше да ја надмине нормата на струг, туку да облече свечен фустан и да се опушти.
Подарок за мама, 1958.
А. Анжанов/SputnikИ децата се трудеа да ги израдуваат своите мајки: во пресрет на празникот сами правеа разгледници и други подароци во градинките и училиштата, а на 8 март ја поставуваа трпезата пред ручек или печеа колачи.
Голем избор на парфеми, 1972.
Владимир Акимов/SputnikТри-четири дена пред празникот во продавниците имаше „вонредна состојба“ бидејќи мажите купуваа подароци (заедно со цвеќе) па се создаваа долги редици.
Продажба на цвеќе, Ришки пазар во Москва.
Максим Блинов/SputnikПо распадот на Советскиот Сојуз, овој ден го задржа статусот на национален празник, како што се задржа и традицијата на сите жени да им се честита 8 Март и да им се дарува цвеќе и да им се купуваат други подароци. Никој веќе не ни размислува за борбата за женските права.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче