8 март во Советскиот Сојуз официјално стана национален празник 1966 година, иако се славеше од порано. Во 1910 година, на Меѓународниот конгрес на социјалистичките жени во Копенхаген, Клара Цеткин од Германија предложи Меѓународниот ден на жената да се одбележува на 8 март. Нејзиниот предлог беше прифатен во Русија, а потоа и ширум Советскиот Сојуз. Првите демонстрации се одржаа во Санкт Петербург во 1913 и 1914 година.
Транспарент со натпис: „Право на земја за жените на селоˮ
МАММ/МДФ/russiainphotoНа 23 февруари (8 март по нов календар) 1917 година жените излегоа на улиците да протестираат против гладот и царизмот. Тоа не беа мирни демонстрации. Тие ја покренаа Февруарската револуција и ставија крај на владеењето на Романови.
Работници во московската Трјохгорнаја мануфактура на состанок по повод 8 март, 1935 година
TASSНаредната година, 8 март стана ден кога работниците одржуваа свечени собири во фабриките, на кои зборуваа за достигнувањата на жените во советската индустрија и дискутираа за состојбата на работничките во другите земји.
8 март на Народниот универзитет на пријателството меѓу народите. Претседателка на Комитетот на советските жени беше космонаутот Валентина Терешкова.
Виталиj Карпов/SputnikНа овој ден на работничките им се доделуваа и награди за ударнички труд или за особени заслуги во работата.
Комитет на советските жени
Борис Кавашкин/SputnikПо повод овој празник Советите објавуваа пригодни разгледници и поштенски марки.
Всушност, многу советски фабрики ги добиваа имињата не само по познати комунисти, туку и во чест на 8 март. Повеќето беа текстилни фабрики кои работат и денес.
Кога 8 март стана официјален празник 1966 година, состаноците беа поместувани за ден порано, а празникот се славеше дома. Тоа беше извесен пресврт во доживувањето на самиот празник.
На овој ден, мажите ја преземаа улогата на домаќинка: наутро ќе донесеа цвеќиња и колачи, а потоа ќе зготвеа ручек за целото семејство.
Сопругата на Ленин - Надежда Крупскаја, наводно предложила на овој ден на жените да им се подаруваат мимози, бидејќи друго цвеќе во Русија многу тешко можело да се најде во студената доба од годината.
И децата учествуваа во подготовките за празникот: цртаа честитки и помагаа во кујната.
Беше доволно жените на овој ден да изгледаат убаво, да ја облечат најубавата облека и да направат убави фризури, одмарајќи се од секојдневните обврски, бидејќи и покрај декларацијата за рамноправност меѓу половите, тие не ги оставија своите обврски во домаќинството.
Денес, во Русија, како и во многу постсоветски земји, и понатаму е жив обичајот за прославување на 8 март. Главниот подарок е, како и досега, цвеќе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче