Како луѓето во СССР правеа икони од обвивки на бонбони и пионерски марами (ФОТО)

Ова се таканаречените икони-кивоти кои илегално се правеа во време кога религијата, како и црковните атрибути, беа надвор од законот.

Иконите за домашна употреба во советско време ги правеа селските мајстори. За основа земаа фотографии на икони. Во СССР можеа да ги печатат само црковните работилници, но на некои места масовно тајно ги правеа и фотографите во фотографските ателјеа. Додека за украсување се користеше буквално сè, од обвивки на бонбони и црвени пионерски марами до невестински превез.

Иконата-кивот се појавила во Русија во првата половина на XIX век. Тоа била дрвена кутија од една страна покриена со стакло. Во неа имало печатена или насликана икона во боја, украсена со риза од алуминиумска фолија и цвеќе од хартија.  

Во царска доба производството на икони за домашна употреба било масовно. Постоеле работилници, здруженија на занаетчии и мануфактури кои правеле милиони икони украсени со фолија и цвеќе.

„Сé до револуцијата иконите-кивоти не се продавале само во земјата, туку се извезувале и во Еропа. Кон крајот на XIX – почетокот на ХХ век нивното производство цветало, пред сé во Вјазниковскиот реон на Владимирската губернија“, вели директорот на Центарот за визуелни истражувања на Средниот век и Новата доба на Рускиот државен хуманистички универзитет професор Дмитриј Антонов. 

„За време на болшевиците, целото производство е уништено, запрено е официјалното производство и дистрибуцијата на икони. Но, тие не можеле да ја искоренат верата и религиозноста и иконите, се разбира, не исчезнале. Советските мајстори ја обновија традицијата. Но, тие работеа во сосема поинакви услови - илегално, тајно, без материјали и инструменти. Тие ја создадоа советската икона, нешто слично на она што постоело во XIX век, но всушност феномен од сосема поинаков вид“.

Во услови на недостиг од материјали и инструменти се свртувале кон сосема неочекувани средства за украсување. На пример, украсите на алуминиумска фолија ги изработувале со помош на дното на чаши со различна големина, ги втиснувале со помош на ловечки патрони и запчаници од часовници. Извор на материјали за овие икони беше дури и нуклеарната индустрија на СССР.

„Користеле фолија од најразличен вид: обвивки на бонбони, пакувања од чај. Понекогаш алуминиум кришум изнесувале и од претпријатијата на нуклеарната индустрија. За украсување се користеле пионерски марами, уште почесто велови, материјал и цвеќиња од венчаници. Од една страна, тоа било празнично и убаво. Од друга страна, користени се материјали поврзани со свадбената симболика, а многу икони се изработени специјално за свадби, за благослов на младенците“, посочува Антонов.

Дмитриј Доронин и Дмитриј Антонов, Центар за визуелни истражувања на Средниот век и Новата доба на Рускиот државен хуманистички универзитет

Изложбата „Советски икони. Религиски артефакти од времето на прогонот“ се одржува до 21 март 2023 година во Државниот музеј на историјата на религијата во Санкт Петербург.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња