Главните храмови на Кремљ однадвор и одвнатре (ФОТОГРАФИИ)

Михаил Розанов/Музеи на Московскиот Кремљ
Московскиот фотограф Михаил Розанов ја доловува строгата архитектура на храмовите и силните разнобојни украси, но во црно-бела техника, со што се нагласува несекојдневната убавина, трајноста и величественоста на големите споменици на културата.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

1. Успенски храм

Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ е изграден во XV век. Проектиран е од Аристотел Фиораванти како главен храм на руската држава. Неколку столетија служел како верски центар на православна Русија, каде великите кнезови биле воздигани на престолот, каде биле крунисувани царевите и императорите. Овде биле устоличени руските митрополити и патријарси од XIV до XVII век, и овде се нивните гробници. По револуцијата 1917 година Успенскиот храм е претворен во музеј.

2. Архангелски храм

Храмот „Свети Архангел Михаил“ е изграден на почетокот на XVI век. Проектиран е од Алојзио Нови, исто така италијански архитект. Штом Русија се ослободила од повеќевековниот татарско-монголски јарем, великиот кнез Иван III ги обединил сите руски земји и почнал да го гради овој храм со цел да го подигне угледот на Москва како нова престолнина. Архангелскиот храм е истовремено и гробница на московските велики кнезови. Пред одење во војна великите кнезови и цареви во овој храм му се молеле на светиот Архангел Михаил, покровителот на кнезовите во нивните воени подвизи.  

3. Благовештенски храм

Благовештенскиот храм го изградиле кон крајот на XV век руски архитекти од Псков, придржувајќи се до многу старите традиции на руската верска архитектура (за разлика од другите два кремљовски храма кои подоцна биле проектирани од Италијанци). Храмот е посветен на празникот Благовештение, радосната вест што Архангел Гаврил ѝ ја јавил на Дева Марија дека ќе го роди Синот Божји. Со векови храмот бил користен како лична капела на великите московски кнезови и цареви.

Погледнете ги сега фотографиите на архитектурата во стилот на „сталиновиот ампир“ кои Михаил Розанов ги направи во Москва. 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња