Седум сталински облакодери и зградата на библиотеката „Ленин“ спаѓаат меѓу најпрепознатливите московски градби, но фотографот Михаил Розанов ги прикажа на нов начин, откривајќи детали кои набљудувачот честопати ги пропушта.
Црно-белата серија негови фотографии „Мечта“ е посветена на последниот голем архитектонски стил во СССР, тнр. советски неокласицизам. Опфаќа голем број варијации, вклучително и „сталинскиот ампир“, за кој е карактеристична извесна помпезност, а требало да ги долови целата величественост и моќта на Земјата на Советите.
Погледнете ги монументално-декоративните елементи на зградите на Московскиот државен универзитет, библиотеката „Ленин“, облакодерите на Котељническиот кеј, Централниот павилјон на ВДНХ и други советски зданија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче