1. Иван Грозни нарачал за Благовештенскиот храм на Московскиот кремљ да се изработи ова Евангелие во скапоцена рамка.
2. Престолен крст. Втора половина на XVI век (круната е од XVII век)
3. Ковчеже (за чување скапоцени реликвии) на царицата Ирина Годунова, 1589.
4. Икона на Василиј Блажени во рамка. Крај на XVI век.
5. Златен сад за пиење. Крај на XVI век.
6. Панагија со синџирче и иконка на Пресвета Богородица. Крај на XVI век и почеток на XVII век.
7. Престолни крстови од 1594 и 1599 година.
8. Митрата на патријархот Јов, 1595.
9. Царицата Ирина Годунова го нарачала овој Дискос, плитко чинивче (литургиски предмет), за Архангелскиот храм на Кремљ, 1598.
10. Кандило, изработено за Архангелскиот храм на Кремљ по нарачка на царицата Ирина Годунова, 1598.
11. Сребрени кивоти со мошти на светци, крај на XVI век.
12. Круна на царот Михаил Фјодорович, дел од царевите „Големи одори“, 1627.
13. Престолно Евангелие во рамка, дар од царот Михаил Фјодорович на Троице-Сергиевиот манастир, 1632.
14. Пехар, подарок од патријархот Никон на царот Алексеј Михајлович, 1653.
15. Златната рамка на „Владимирската Мајка Божја“, 1657.
16. Путир, дар од болјарката А. И. Морозова за Чудовиот манастир на Московскиот кремљ 1664.
17. Појасот (лентата) на царот Фјодор Алексеевич, крај на XVII век.
18. Двојниот престол на Иван V и Петар I со три пиедестали, 1680-тите
19. Круната со дијаманти на царот Иван Алексеевич (брат на Петар I), 1697.
20. Чинија со двоглав орел, подарок од Наталија Наришкина, мајката на Петар I, за неговиот син, принцот Алексеј, 1694 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче