10 древни ремек-дела на Владимиро-Суздаљска Русија (ФОТОГРАФИИ)

Александар Авилов/Агенција „Москва“
Во XII и XIII век Владимиро-Суздаљското кнежевство било културен центар на Стара Русија. Ни дури и кога неговите градови ѝ го препуштиле на Москва статусот на престолнина, сепак уште неколку столетија потоа играле забележителна улога во животот на земјата, пред сé во духовната сфера.

Градот Суздаљ првпат се споменува во пишаните извори пред илјада години. Денес тоа е мал и шармантен провинциски град, а некогаш бил еден од најважните центри на Стара Русија.

Во XII век во Владимиро-Суздаљското кнежевство (североисточно од Москва) живееле најбогатите кнезови, кои се труделе да му остават на својот народ што е можно поубави храмови и повредни уметнички дела. Најпознати меѓу нив се Јуриј Долгоруки и неговите синови Андреј Богољупски и Всеволод „Големото Гнездо“. Тие всушност и ја формирале самобитната руска култура во формата што ја гледаме и денес.

Сé до XVIII век се создавале ремек-дела на архитектурата, иконописот, применетата и книжевната уметност. Еве само неколку од исклучително важните артефакти кои се чуваат во Владимиро-Суздаљскиот роднокраен музеј.  

1. Златната капија на Богородице-Рождественскиот храм во Суздаљ (од 1230-тите)

2. Пресвета Богородица Казањска. Икона во рамка со украси. Втора четвртина на XVII век.

3. Икона. Покров на Пресвета Богородица. Последна четвртина на XV век.

4. Икона „Пресвета Богородица Владимирска“. Му се припишува на Андреј Рубљов. Крај нa XIV ипочеток на XV век.

5. Маска на лав од Успенскиот храм во градот Владимир, 1160.

6. Носач на цибориум (натстрешница над чесната трпеза) со симболи на евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован, XVIII век.

7. Голем пренослив фенер, познат и како „Цар-фенер“ од Рождественскиот храм на Суздаљскиот кремљ, XVII век.

8. Покров. Светиот кнез Георгиј Всеволодович, околу 1645.

9. Митра, 1645.

10. Евангелие (почеток на XVII век)

Изложбата „Великото кнежевство. Ризница на Владимиро-Суздаљската земја“ се одржува во Нова Третјаковка од 24 јануари до 10 мај 2023 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња