Нови Уренгој е најголемиот центар за производство на гас во Русија и транспортен јазил на Јамал.
Терминалот е изграден во вид на чум (шатор покриен со кожи од ирваси), традиционална куќа на номадските народи. Зградата е проектирана во склад со климата на Крајниот Север: има топли авио-мостови, топол тунел за автобуси и модерна опрема за сигнализација. Изградбата траеше две години.
Сега овој аеродром ќе биде најголем во регионот.
Во сибирскиот град Ханти Мансијск, каде што живеат нешто повеќе од 100.000 луѓе, има многу интересни објекти со локална етничка боја. Еден од најзначајните е „Гостини двор“ во центарот на градот, изграден уште во 2006 година.
Автор на проектот беше познатиот московски архитект Владимир Кубасов, кој ги проектираше павилјоните на изложбениот комплекс ВДНХ и Московскиот уметнички академски театар „Горки“.
Централниот дел на зградата е стилизиран како чум и е обложен со панелни огледала.
Основата на фасадата е украсена со мозаик на кој се прикажани луѓе, ирваси и птици, изгубени во снежна бура.
Уште една интересна градба во овој град. „Југорска Долина“ е хотел, здравствено-рехабилитациски центар и спортски комплекс. И тој по обликот е сличен на чум и направен во традиционалните бои на народот Ханти и Манси: бела, сина и зелена.
Комплексот е опкружен со тајга, во непосреден контакт со природата и е многу популарен на овие простори.
Моментално се реновира и тоа ќе трае до крајот на 2023 година.
Тоа е највисоката точка во градот! Оваа стела, висока 62 метри, се појави во Ханти Мансијск во 2003 година. И личи на северен чум.
Внатре во стелата има видиковец, музеј и ресторан.
Климата во Јакутија е сурова континентална, односно зимите се многу студени, а летата се многу топли, но кратки. Затоа Јакутите имаат два вида традиционални куќи: „балаган“ (дрвена јурта или колиба од гранки) во која се засолнувале од студот и „ураса“ (колиба во вид на конус направена од стапови и покриени со брезова кора) каде што живееле за време на екстремни горештини. Тие се лесно препознатливи и се честа инспирација за модерната јакутска архитектура.
Во Јакутск, главниот град на Јакутија, на крајот на 2020 година се појави трговски центар во вид на ураса со истиот назив. Во него има пазар со стоки од селски домаќинства, продавници, простории за одржување свечености. Според замислата на проектантите, формата на урасата е избрана за посетителите да се чувствуваат како дома.
На југот на Јакутија, во градот Томот, можете да видите необична железничка станица чиј изглед е под влијание на традиционалните куќи. Изградена е во 2013 година според проект на локални архитекти. Покрај облик на урасата, ја красат и впечатливи јакутски орнаменти.
Во близина на градот Јакутск, на локалитетот Ус Хатин („Три брези“) постои цел архитектонско-етнографски комплекс составен од зимски и летни јакутски куќи.
Отворен е за посетители само неколку дена во годината, кога се слави Исија, јакутската Нова година. Во овие ураси и балагани се наоѓа администрацијата, се одржуваат разни манифестации и се одржува едукативна обука (мастер-класови). Изгледа фантастично!
Во центарот на градот има уметнички објект - клупа во вид на чум. Нема да верувате, но е направена според проект на тамошни ученички. Тие учествуваа во градскиот натпревар на детски иницијативи и својот проект го нарекоа „Северно сонце“. Поставена е во 2019 година. Ноќе клупата со чум има осветлување.
Јурта е традиционална куќа на номадите на Калмикија, Алтај, Тува и други народи. Покрај тоа, кафулињата, во овие региони се многу популарни кафулињата, рестораните, па дури и музеите во вид на јурти. Во Елиста, главниот град на Калмикија, постои таков ресторан со национална кујна.
Во 2024 година, во градот Когалим во Ханти-Мансијскиот автономен округ ќе биде изградена ботаничка градина со тропски растенија. Однадвор ќе личи на традиционална номадска куќа. Ќе има над 400 видови на најразновидни цвеќиња и дрвја. Проектот изгледа импресивно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче