Ненејци, Јамал
Legion MediaОколу 20 отсто од Русија се наоѓа зад арктичкиот круг и оваа област претставува дома за 2.3 милиони луѓе – повеќе од половината од целокупниот број жители на Арктикот во светот. Поголемиот дел од нив се Руси, но има и 40 автохтони народи на северот. Секој од нив има свој јазик, своја култура и своја традиција. Само четвртина од нив се номади, додека останатите му даваат предност на урбаниот начин на живеење: најголеми арктички градови се Мурманск (280.000 жители), Нориљск (околу 180.000), Воркута (над 50.000) и Салехард (над 50.000).
Павел Љвов
SputnikОколу 2.000 припадници на народот Сами (вкупно ги има 80.000, а останатите се наоѓаат во Финска, Норвешка и Шведска) живеат на северот од Мурманската област. Регионот во кој живеат на територијата на овие земји се нарекува Лапонија. Самите никогаш немале своја држава, но имаат своја химна и свое знаме. Современите Сами се занимаваат не само со традиционално одгледување ирваси и со риболов, ами и со најчестите урбани работи. Центарот за култура на Сами се наоѓа во селото Ловозеро.
C. Губски
TASSПокрај Самите живее народот Ижма Коми. Вкупно ги има 16.000 и поголемиот дел од нив живеат во округот Ижма во Република Коми. Меѓутоа, повеќе од 1.000 луѓе Ижма живее во областа Ловозеро, северно од Јамал и во Ханти-Мансијскиот автономен округ. Тие се сметаат за етничка група Коми. Ижмите имаат свој дијалект на јазикот коми. Исто така за разлика од дугите припадници на народот Коми, Ижма се занимаваат со одгледување ирваси.
Главните номади на рускиот Арктик се Ненејците, кои живеат првенствено на Јамал. Вкупно ги има околу 45.000, а 17.000 – 20.000 од нив талкаат со ирвасите. Многумина Ненејци течно зборуваат ненејски јазик (особено во тундрата) и руски. Современите одгледувачи на ирваси, иако и понатаму често живеат во традиционалните шатори како и нивните предци, ги користат сите благодати на цивилизацијата, па дури и водат блогови на социјалните мрежи за својот номадски живот.
Владимир Веленгурин
TASSЕден од исчезнатите народи во светот, со само 200 преостанати поединци. Енејците често се нарекуваат Енисејски Самоеди. Живеат на полуостровот Тајмит во мали арктички населби во близина на Реката Енисеј и се занимаваат со лов и риболов. Меѓу нив има неколку десетина изворни говорници на енецкиот. Нивниот јазик е близок на јазиците на нивните соседи – Ненејците и Нганасаните.
Александар Пољаков
SputnikНајсеверниот народ на Евроазија се Нганасаните. Ги има помалку од 900 и живеат на североистокот од полуостровот Тајмир. Нганасаните го имаат усвоено урбаниот стил на живеење во триесеттите години од минатиот век, со населените места Уст-Авам, Волочанка и други кои биле специјално изградени за нив. Се смета дека нивниот јазик исчезнува, а сега го зборуваат само 125 луѓе. Истовремено, советските научници имаат собрано прилично голема збирка од нганасанскиот фолклор, од пословици до песни.
Александар Крјажев
SputnikДолганите се туркиски народ кој живее во Тајмир и во Јакутија (најсеверната туркиска етничка група на светот). Имено, нивниот јазик има многу заеднички работи со јакутскиот, што и не изненадува, зашто со векови биле соседи. Дури кон средината на 20 век Долганите започнале да се сметаат за посебна нација, а не како етничка група на Јакутите. За разлика од многу други автохтони народи на Арктикот, бројот на Долгани е мал, но расте. Денес ги има околу 8.000, што е една илјада повеќе одошто пред 20 години. Живеат во арктичките населби и рибарат. Меѓу нов има и дел номади.
Народот Евенки живее во источен Сибир, од реката Енисеј до Охотското море. Во Русија има околу 40.000 луѓе, а отприлика толку има и во Кина. Половината се жители на Тајмир и на Јакутија и можат да се најдат во најсеверните земји, во арктичката тундра, како и во тајгите на Сибир. По правило, Евенките се занимаваат со одгледување ирваси. Жителите на Арктикот се номади кои живеат во заедници, но има и Евенки кои живеат во традиционални јакутски или бурјатски куќи или во руски дрвени колиби.
Алексеј Куденко
SputnikЕвените се роднини на Евенките кои живеат на истокот, главно во Јакутија и на Чукотка (како и други региони на Далечниот Исток). Во светот има нешто повеќе од 20.000 Евени. За разлика од Евенките, Евените повеќе се занимаваат со риболов и повеќе ги користат ирвасите како превоз, иако и меѓу нив има одгледувачи на ирваси.
Евените добиле сопствена азбука благодарение на советските научници кон средината на триесеттите години од минатиот век. Денес има околу 6.000-7.000 говорители на евенскиот јазик.
Александар Крјажев
SputnikНајброен северен народ се Јакутите. Ги има околу половина милион и најголем дел од нив живеат во Република Саха, односно во Јакутија. Околу 40 отсто од Јакутија се наоѓа над арктичкиот круг. Современите Јакути се урбани жители, кои работат на највообичаени работни места. Сепак, во арктичката тундра може да се сретнат и јакутски одгледувачи на ирваси.
Александар Крјажев
SputnikПред неколку векови тие биле најголем народ на источен Сибир, кој и самиот бил поделен на различни етнички групи. Денес речиси сите Јукагири (околу 1.500 луѓе) живеат на северот од Јакутија и Чукотка, во сливот на реката Солима. Останатите се асимилирани од соседните народи. Речиси и да нема говорители на Јукагирскиот јазик.
Вкупно ги има околу 16.000 и поголем дел од нив живеат на Чукотскиот полуостров. Многумина припадници на народот Чукчи и понатаму се занимаваат со традиционалните занаети: жителите на „тундрата“ се одгледувачи на ирваси, а „крајбрежните“ жители се морски ловци. Тие ловат моржеви, фоки и китови. Истовремено, Чукчите не живеат изолирано од надворешниот свет, ја користат сета модерна техника, дури и во своите шатори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче