Пионери, Гагарин и олимпиското мече Миша: Со какви играчки ги китеа елките во СССР

Девојче кити елка, 1973.

Девојче кити елка, 1973.

Валериј Шустов/Sputnik
Винтиџ модата последниве години го заплисна пазарот на украси за новогодишни елки. Луѓето повторно со големо задоволство ги користат украсите кои ги наследиле од постарите. Некои колекционери се подготвени за таква играчка на аукција да дадат стотици илјади рубли.

Историјата на СССР отсекогаш се рефлектираше во украсите за новогодишната елка. Многу такви украсни играчки беа посветени на актуелните настани од тоа време. Во 1930-тите елките беа китени со фигурини на пионери и црвеноармејци, во 1940-тите со играчки со воена тематика и рачно изработени украси, а подоцна и со фигурини на овошје, зеленчук, животни, космонаути... Ги избравме најинтересните новогодишни украси од секоја деценија на советскиот период.

Украсите за елка како средство за пропаганда

Предвоени знаменца за елка. Од списанието „Игрушка“, април 1938.

Од 1929 до 1935 година во СССР беше забрането да се слави Нова година, па дури и да се украсува елка. Но, штом забраната на Сталин беше укината, производството на новогодишни украси веднаш беше рестартирано. Тие станаа и средство за пропаганда, бидејќи елките се китеа со фигурини на пионери и војници, како и со украсни топки посветени на Црвената армија. Често се користеа венци направени од знаменца со приказ на буѓониевци, морнари и разузнавачи.

Украс за елка „буѓониевец“, 1951-1971.

Одредени играчки беа посветени на конкретни личности. Таква, на пример, беше фигурата на офицерот на пограничните трупи Никита Карацупа, кој се прослави со тоа што фати 338 луѓе кои се обидуваа илегално да ја преминат границата, ликвидираше 129 шпиони и диверзанти и основа своја школа за дресура на службени кучиња.

Украс за елка „Карацупов граничар со песот Индус. СССР, 1939.

Во текот на 1930-тите интензивно се развиваше производството на цепелини. Во 1937 година советски цепелин помина 130 часа и 27 минути во воздух, соборувајќи го светскиот рекорд за времетраење на лет. Интересот за леталата се одрази и врз играчките. Тогаш минијатурните цепелини беа правени од картон и папје-маше, а во 1950-тите се појавија и примероци од стакло.

Украс за елка прикажан во Музејско-изложбениот центар „Работник и колхозница“.

Се разбира, чести беа украсите во вид на петокрака или со приказ на срп и чекан. Дури и врвот на новогодишната елка, кој претходно ја симболизираше Витлеемската ѕвезда, беше заменет со „идеолошки исправната“ варијанта во вид на Црвената петокрака.

Пропаганден украс за елка „Црвена ѕвезда“, стакло, 1930-1950.

Новата година за време на војната

Во 2 светска војна украсите често беа посветени на воената тематика. Една таква играчка, на пример, беше фигурата на пес-болничар.

Украс за елка, играчка пес-болничар, 1930-1940.

Меѓутоа, најчести беа украсите од рачна изработка. Во времето на воената немаштија беа правени материјали што ќе се најдеа при рака.

Производ на Московската фабрика за електрични сијалици МЭЛЗ, 1930-1940-тите.

Во заднината на фронтот тоа беа ишарани прегорени светилки и фигури направени од жица, а на фронтот шарани чаурим, а за шарање беа користени еполетите.

Стара играчка, украс за елка „Тенк“, картон, СССР, 1940-тите.

Модата на украсување елки

По војната, производството се сврте кон мирновременски теми. Така, во 1949 година, по повод 150-годишнината од раѓањето на Александар Пушкин, беа направени неколку комплети посветени на неговите бајки во стих „Руслан и Људмила“, „Сказната за царот Салтан“ и „Златната рипка“.

Играчки по мотиви на „Сказната за рибарот и рипката“ од А. С. Пушкин, фабрика за стаклени украси за елка и оптички производи, 1950-1960.

Еден комплет беше посветен на бајката „Чиполино“ од Џани Родари. Сето тоа беше направено во прилично големи тиражи, но денес неоштетен комплет може да чини и повеќе од половина милион рубли.

Украс од изложбата на советски новогодишни украси на „Работник и колхозница“.

Многу популарни беа играчките во вид на часовник чии стрелки покажуваат пет минути до полноќ. Имаше и разни топчиња, фигури на овошје и зеленчук.

Вселенската ера

Украс за елка „Космонаут“, 1960.

Од 1957 година и во текот на 1960-тите, дизајнерите на новогодишните украси беа инспирирани од најважните настани, а тоа беше лансирањето на првиот сателит и летот на Јуриј Гагарин во вселената.

Украси за елка „Космос“

Се појавија играчи во вид на космонаути и ракети, а наместо петокрака на врвот на елката понекогаш се ставаше првиот степен на ракетата. 

Вини Пу и олимпиското мече Миша

Украсите за новогодишна елка во вид на Вини Пу и други ликови од омилениот цртан филм се појавија во 1970-тите, по огромниот успех што го забележа советската верзија на цртаниот филм, направена по мотиви на книгата на Алан Милн.

Вини Пу и Праслин

А по Олимпијадата во Москва 1980 година, на советските новогодишни елки светна олимпискиот факел, заедно со легендарното олимписко мече Миша, симболот на тие игри.

Олимпикото мече Миша, СССР.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња