Десет филмови во кои може да се види уникатната руска природа (ВИДЕО)

Култура
МАРИЈА ТОКМАШЕВА
Знаменитостите на Москва и Санкт Петербург можат да се видат во многу филмови, но убавината на двете престолнини не се единствениот „природен украс“ на руската кинематографија. Еве филмови во кои можете да ги видите и Рускиот Север, и тајгата, и Бајкалот, и море и планини.

1. „Андреј Рубљов“ (1966) – Псковска област

Еден од најдобрите филмови на Андреј Тарковски е снимен главно во Псковската област. Студениот тип на северниот појас на Русија и неговите матни пејзажи се комбинираат овде со архитектонските споменици кои играат важна улога во филмот. Патем, „Мосфилм“ неодамна ја прикачи реставрираната режисерска верзија на филмот, каде што можете да дознаете уште повеќе за самиот Тарковски и неговото дело, како и за природата на тој крај.

2. „Ѕвезда на неверојатна среќа“ (1975) – Иркутска област

Ова е трагична приказна за декабристите и нивните сопруги кои ги придружувале во Сибир. Таму, во Иркутскиот дом на културата и на брегот на величественото Бајкалско езеро, дојде до нивна средба во филм во кој главните улоги ги одигра цела плејада советски филмски ѕвезди.

3. „Дерсу Узала“ (1975) – Приморски крај

За овој филм јапонскиот режисер Акира Куросава доби „Оскар“. Тоа беше неговиот прв филм на странски јазик, а беше снимен за студиото „Мосфилм“. Куросава одамна се воодушевувал од авантуристичката проза на Владимир Арсењев, патописец и истражувач на Далечниот Исток, но не можел да ја екранизира бидејќи природата во Јапонија, иако не е далеку од местото на настанот, сепак по релјефот битно се разликува од руската. Затоа, Куросава со задоволство го прифатил предлогот да сними филм за СССР. Така настана „Дерсу Узала“, кој делумно се снимаше во Приморскиот крај во близина на градот и реката кои го носат името на писателот Арсењев.

4. „Асса“ (1987) – Крим

Ова беше главниот хит на перестројката, познат меѓу другото и по тоа што во финалето се свири „Промени!“, познатата песна на групата „Кино“. Режисерот Сергеј Соловјов го сними овој филм во текот на зимата во Јалта, на Крим. И презимето на главниот лик е Кримов. Приказната за љубовниот триаголник помеѓу скромната медицинска сестра Алика, криминалецот Кримов и ексцентричниот млад човек со прекар Бананан се одвива во средина во која доминираат морето и планините. Еден од клучните моменти во оваа љубовна трагедија во три чина е возењето со жичница, каде од птичја перспектива се пружа поглед на градот.

5. „Левијатан“ (2014) – Полуостров Кола

Најпознатиот филм на режисерот Андреј Звјагинцев доби награда за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал и награда „Златен глобус“ во номинацијата за „Најдобар странски филм“. Тоа е приказна за конфликт помеѓу обичен автомеханичар и корумпиран градоначалник на приморски град каде што се случува дејството. „Левијатан“ е снимен во селото Териберка на полуостровот Кола. Уникатните пејзажи на Рускиот Север им оставија таков впечаток на гледачите на „Левијатан“ што по премиерата на овој филм селото Териберка стана едно од најпопуларните туристички дестинации во Русија.

https://sovietmoviesonline.com/drama/leviafan

https://www.amazon.com/Leviathan-Roman-Madyanov/dp/B00WAIQ4V4

https://tv.apple.com/us/movie/leviathan/umc.cmc.5r61atlerz3jbnsn4viqvcuo?playableId=tvs.sbd.9001%3A979829554

Овде се сите варијанти за преглед https://www.justwatch.com/us/movie/leviathan-2014

6. „Како заврши летото“ (2010) – Чукотка

Поларниот трилер во режија на Алексеј Попогрепски освои две награди на Берлинскиот филмски фестивал. Тоа е приказна за искусен началник на поларна станица и млад стажант кој треба да донесе една од најтешките одлуки во својот живот. Суровата природа на Чукотка, покриена со снег, која ја заплиснува Арктичкиот океан, и преку екранот го доловува студенило и ги изострува реакциите на инстинктите на главните ликови кои се обидуваат да останат луѓе и во најтешките искушенија.

https://www.amazon.com/gp/video/detail/0SGFKZBHMMFIOPPDP0SN3ODTLK/ref=atv_dl_rdr?tag=justus1ktp-20

7. „Горко“ (2013) – Геленџик

Жешката и живописна комедија во режија на Жора Крижовников е вистински колаж од руските обичаи. Невестата и младоженецот сакаат да организираат две свадби во исто време - едната за нивните родители, а другата, помодерна, во европски стил, за себе. Локацијата го овозможува тоа бидејќи идното семејство живее во Геленџик, едно од најпознатите руски одморалишта на Црното море. Во филмот можете да ги видите живописните планини и морето, како и несекојдневниот колорит на народната веселба.

https://www.amazon.com/Kiss-Them-All-English-Subtitled/dp/B00Q4FCHI8

https://www.netflix.com/ru-en/title/81327383

https://tv.apple.com/us/movie/kiss-them-all/umc.cmc.5ahb5tneinjvnuzrnwaroyqwo

8. „Територија“ (2014) – Краснојарски крај

Авантуристички филм за геолози и ископувачи на злато, романтичари од ерата на „Хрушчовското затоплување“, кои се обидуваат да избегаат од проблемите во далечни и непознати краишта. Во филмот во режија на Александар Мељник може да се видат и тундрата, и тајгата, и планини, и реки, сите во различни годишни времиња. Филмот во најголемиот дел е сниман на територијата на природниот резерват Плато Путорана во Сибир, што е уникатна комбинација на различни видови релјеф. Резерватот е на листата на Светско наследство на УНЕСКО.

https://sovietmoviesonline.com/adventure/territory

https://reelgood.com/movie/territory-2015

9. „Партнер“ („Напарник“, 2017) – Владивосток

Авантуристичката комедија за детектив кој неочекувано се вселува во телото на мало дете се појави уште пред американската анимирана комедија „Малиот шеф“ (The Boss Baby). Филмот користи компјутерска графика, која во тоа време беше иновативна за рускиот филм, а местото на снимање се колоритниот Владивосток и величествениот Руски остров.

10. „Блискост“ („Теснота“, 2017) – Северни Кавказ

Дебитантскиот филм на еден од најпознатите млади руски режисери Кантемир Балагов ја доби наградата FIPRESCI во програмата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал. Филмот е снимен според вистинска приказна, а дејството се случува на крајот на 1990-тите на Северен Кавказ во градот Налчик, каде што е роден и израснат самиот режисер. Во филмот се прикажани и националните конфликти и приказната за растењето на Илана, девојка која сака да избега од повеќевековните обичаи. Како противтежа на таа збиена приказна, практично затворена во четири ѕида, во филмот е прикажана величествената природа на Северен Кавказ со неговите планински реки и водопади.

https://www.amazon.com/gp/video/detail/0PDQCGUW8R8K6Q12GYDX1O1020/ref=atv_dl_rdr?tag=justus1ktp-20

Сите опции

https://www.justwatch.com/us/movie/closeness