- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Андреј Шишкин: Купала (традиционален словенски празник).
Сергеј Иванов. Животот на Источните Словени.
Андреј Шишкин: Давање име
Николај Рерих: Словени на Днепар
Сергеј Иванов: Тргување во земјата на Источните Словени
Андреј Шишкин: На почеток на патувањето
Виктор Васнецов: Повикувањето на Варјазите
Според хрониките, во 862 година група словенски и фински племиња ги поканиле Варјазите да владеат над нив. Така, на нивната земја пристигнале Рјурик и неговите браќа Синеус и Трувор. Овој настан се смета за почеток на руската државност.
Андреј Шишкин: Благословување на воините
Виктор Васнецов: Бајан
Бајани во Стара Русија биле народни поети и раскажувачи.
Андреј Шишкин: Билкар
Виктор Васнецов: Олег над коските на коњот
Кнезот Олег, владетел на новгородските земји, го освоил Киев во 882 година и ги обединиле двата главни центри на Источните Словени, создавајќи ја големата Киевска Русија.
Според легендата, на кнезот му било кажано дека ќе умре од својот омилен коњ. Олег наредил коњот да се протера далеку. По неколку години коњот умрел, а Олег само им се насмеал на гатачките. Решил да го посети местото каде што бил „погребан“ коњот. И кога копајќи дошол до коските, од черепот на коњот исползела змија-отровница и смртно го каснала Олег.
Клавдиј Лебедев: Кнезот Игор собира данок од Древјаните
Во 945 година киевскиот кнез Игор самоволно го зголемил данокот што го собирал од племето Древјани, што довело до бунт и убиство на владетелот.
Андреј Шишкин: Тризна
Тризна е посмртна трпеза, како и посмртни обреди на Источните Словени пред палење на телото.
Сергеј Кирилов: Кнегињата Олга (Покрстување). Прв дел од трилогијата „Света Русија“
Откако им се осветила на Древјаните за смртта на својот маж, кнезот Игор, Олга станала прва владетелка на Русија која го примила христијанството.
Клавдиј Лебедев: Средба на Свјатослав со византискиот император Јован I Цимискиј на брегот на Дунав
Синот на Игор и Олга - кнезот Свјатослав, го поминал целиот свој живот во воени походи. Меѓу главните непријатели му биле номадското племе Печенеги, Бугарите и Византиското царство.
Клавдиј Лебедев: Покрстувањето на Русија
Христијанството станало државна религија во Киевска Русија за време на владеењето на кнезот Владимир Свјатославич во 988 година.