Јусупови беа еден од најстарите и најбогатите благороднички родови во Русија. Поседуваа дворец на кејот на реката Мојка во Санкт Петербург и тој беше во нивна сопственост од почетокот на XIX век до револуцијата во 1917 година. Однадвор дворецот можеби и не изгледа особено раскошно, но затоа го има еден од најбогато украсените ентериери во Русија.
Секоја сала е уметничко дело.
Дворец има и раскошен домашен театар, кој според раскошот на декорациите може да се мери со театрите Болшој и Мариински.
Строгановскиот дворец во Санкт Петербург од брегот на Мојка.
Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0)Во Петербург има многу дворци, вклучувајќи ги и царските. Оваа розово здание го пречекува секој што ќе реши да се прошета по Невскиот Проспект - главната улица на Петербург. Втората фасада се гледа од кејот на реката Мојка.
Изграден е од дворскиот архитект, Италијанецот Растрели, кој ги проектирал Царско Село, Петерхофскиот дворец и Зимскиот дворец. Сопственик на овој замок бил баронот Сергеј Строганов, а потоа и неговите потомци, страсни колекционери на слики.
Сега зданието служи како филијала на Рускиот музеј.
Родот на Шереметјеви бил богат. Можеле да си дозволат огромна летна резиденција во предградието на Москва. Дворецот е дрвена градба од XVIII век и сеуште е во одлична состојба.
Уште повпечатлив е паркот околу него, со плитки пештери и павилјони проектирани во европски манир од талентираните народни градители.
Семејството Шереметјеви имало и стаклена градина, каде што одгледувале егзотично овошје. Најинтересно е што тие воопшто не живееле во овој замок, дури не ни ноќевале во него. Овде само собирале многубројни гости за забава.
Шереметјеви имале мноштво вили и имоти ширум Русија, и познат дворец во Москва, каде што им бил театарот со трупа сочинета од кметови. Тој театар бил познат во целата земја.
Шереметјевскиот дворец, фрагмент од јужната фасада.
LeonridЕден од потомците на сопствениците на Кусково подигнал кон крајот на XIX век на брегот на Волга фантастичен дворец во неоготски стил.
Крим бил омилено летувалиште на руското благородништво и на царското семејство. На јужната ривиера се сместени неколку раскошни царски дворци.
Ливадија и Масандра припаѓале на царското семејство Романови, еден дворец бил во сопственост на кнезовите Јусупови, а многу необичен е и готскиот замок на грофот Воронцов, намесникот на сите јужни руски губернии.
Го изградил англискиот дворски архитект Едвард Блор, авторот на главната фасада на Бакингемската палата во Лондон!
Во гратчето Рамоњ, 40 км од Воронеж, се наоѓа уште еден готски дворец. Таквите зданија биле модерни во XIX век.
Дворецот на принцезата Олденбуршка, Рамоњ.
Дарја Апасаова (CC BY-SA 4.0)Дворецот не припаѓал никому. Сопствениците биле благородници со германско потекло од познатото семејство Олденбург. Меѓу нив имало и принцови, и кнезови, и војводи...
Се зборува дека во Втората светска војна Германците не сакале да го бомбардираат дворецот кога дознале дека сопствениците имаат германско потекло.
Архангелское е еден од најраскошните имоти во Подмосковје. Многу пати го има менувано сопственикот. Во различни периоди бил во сопственост на најстарите и најбогати благороднички семејства: Шереметјеви, Голицини и Јусупови.
Архитектонскиот ансамбл составен од дворецот и паркот е формиран кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Многу наликува и на раскошните резиденции кои руските цареви ги имале во близина на Петербург.
Овдешниот парк содржи голем број скулптури, неколку дворци, сопствен театар, па дури и семеен храм и гробницата на Јусупови со столбови. Живописниот пејзаж го крунисува поглед на реката Москва.
Шуваловскиот дворец на брегот на Фонтанка.
Сергеј Смољски/TASSПретставник на угледното семејство Наришкин во текот на 1820-тите го купил плацот на брегот на реката Фонтанка во Санкт Петербург. Тој и неговите роднини на тоа место неколку пати темелно го преуредувале дворецот.
Зградата го добила денешниот изглед кон крајот на XIX век. Еклектицизмот во неговата архитектура претставува спој на елементи на доцниот класицизам и неоренесансата.
Музеј „Фаберже“
https://fabergemuseum.ru/Подоцна Наришкини се ородиле со семејството Шувалови, кои го поседувале дворецот до револуцијата во 1917 година. Во советско време се користел за различни намени, за во 2013 година тука да биде сместен Музејот „Фаберже“.
Овој имот некогаш им припаѓал на кнезовите од родот Голицини. Некогаш оваа земја била во сопственост на царевите, прво на Иван Грозни, а потоа на Борис Годунов, за Петар I да му го подари имотот на својот воспитувач Борис Голицин.
Во близина на имотот се наоѓа куќа која ѝ припаѓала на бабата на Александар Пушкин, така што големиот руски поет уште како дете честопати престојувал во дворецот, во неговиот парк и во Вјазјомскиот храм.
Имотот бил сведок на историски настани за време на војната 1812 година. Се зборувало дека во замокот преноќил рускиот војсководец Михаил Кутузов, а веднаш утредента Наполеон, кој ја водел војската на Москва.
Имотот му припаѓал на вонбрачниот син на Екатерина II, грофот Алексеј Бобрински. Пред вилата имало уреден парк, а речниот тек бил преграден за да се направи езерце со фонтана во центарот.
На имотот била изградена и црква со барокна камбанарија. За време на Втората светска војна вилата била срушена речиси до темел. Беше реконструирана во текот на 1980-тите.
Дворецот-музеј на Бобрински, ентериер.
Laktrissa (CC BY-SA 4.0)При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче