Подгрбавената старица со голем кукаст нос и една нога во вид на гола коска живее во чудна куќа на кокошкини нозе и лета во аван. Така најкратко може да се опише познатата Баба Јага, вештерката од безбројните руски бајки. Иако изгледа одбивно, Баба Јага всушност често притекнува напомош. Таа ги советува главните ликови како да ги победат лошите или им дава некој волшебен предмет кој ќе им помогне да го решат проблемот. Такво е, на пример, клопчето што ќе им го покаже правиот пат.
Меѓутоа, во тие бајки ништо не се кажува за младоста на вештерката. Уметникот Secondlina од Канада ја замислува Јага како убава девојка, како сите млади жени, но која има една шармантна особина – љубов кон черепи.
This take on Baba Yaga makes me think she'd be an incredible (albeit unexpected) Disney princess. “Baba Yaga and the Skulls of her Enemies” by @Secondlina on Deviant Art. https://t.co/XkBXrEeZaE. pic.twitter.com/kfZCWQXx0r
— Fab Figmentals Podcast (@figmentals) July 14, 2019
„Мислам дека еден ден ќе сакам да пишувам за авантурите од нејзината младост. Како станала моќна и толку злобна (иако во неколку приказни беше и добра). Значи, запознајте ја младата Баба Јага (која сигурно имала поинакво име. Можеби само Јага, без Баба?)“, напиша уметникот.
Во верзијата на уметникот од САД tobiee Јага успеала да ја зачува убавината и притоа константно, а можно е и во овој момент, лета над Москва.
Tobias Kwan pic.twitter.com/rsJkIAkepl
— La vida en viñetas (@DuarteUrdiales) August 14, 2020
Баба Јага буквално живее во аванот во кој ги вари своите волшебни напитоци од тревки, верува уметникот White-Starcloud од Белгија и Kaizoku-hime од Холандија.
Нејзината главна алатка е огромната лажица, смета mr-nick од Холандија.
Американскиот уметник Endling ја виде куќата на Баба Јага како бродска кабина без прозорци и врати, додека од куќата таа излетува исклучиво низ оџакот. Покрај тоа, Баба Јага има изразена склоност да граба и јаде деца, убеден е авторот.
러시아 민담에서 나오는 마녀인 바바 야가는 닭다리가 달린 집에서 산다고 하기에, 순간 닭튀김의 닭다리를 떠올렸으나................ 실제로는 말그대로 닭의 다리.............. pic.twitter.com/2IS7ZeLwus
— 신라의 에일리언 (@hokingjr) November 21, 2020
Според мислењето на некои уметници Баба Јага не изгледа како човек, Vincent-Covielloart од САД ја прикажува како волшебна птица.
...А Lenika86 од Украина како коњ. И воопшто, Баба Јага може да биде било кој, таа отсекогаш била „чудна и маргинална“, смета авторот на цртежот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче