- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Ансамбл на народни игри на СССР
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Патриотскиот руски „народен“ танц почнал да се развива на големата сцена по војната што Русија ја водела во 1812 година против Франција на Наполеон. До крајот на 19 век постоел тренд на враќање на руските корени и сè што е руско станало неверојатно популарно (вклучувајќи ги традиционалната архитектура, носиите и домашните ракотворби).
Народен танц од 1930-тите
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Театарот „Болшој“ во текот на 1910-тите го поставил на сцената „Танцот на народите“. Долго време немало билети во слободна продажба, бидејќи сите биле распродавани штом ќе се појавеле на каса.
Киргиски фолклорен ансамбл
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Советските власти ги поддржуваа народните игри како еден од начините да ги обединат народите во мултиетничка земја и на тој начин да ја покажат нејзината разноликост.
Масовен танц на Урал, 1950-тите
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Советската ера го изнедри„народниот сценски танц“, сосема нов феномен - спој на професионална кореографија и народна игра.
Концерт на народни игри во Севастопол, 1955.
Во Советскиот Сојуз постоеја дваесетина професионални фолклорни ансамбли и стотици аматерски колективи кои во бранот на масовната популарност на аматерскиот уметнички настап беа основани во многу училишта, универзитети и домови на културата.
Деца танцуваат на прославата на Нова година во градинка, од 1940-тите
Сергеј Васин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Во 1930-тите беше создаден „Сесојузниот фестивал на народни игри“, на кој беа застапени речиси сите националности на СССР.
Народен танц во пионерскиот камп „Артек“, 1945.
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Ниеден поголем празник не поминуваше без настап на фолклорна група.
Фестивал на жетвата во Краснодар, 1953.
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Имајќи го предвид големото позитивно влијание на народната игра врз културната и националната политика, советските власти покренаа иницијатива за формирање на Државниот академски ансамбл на народни игри, на чие чело беше Игор Мојсеев, кореограф на театарот „Болшој“.
Игор Мојсеев на проба, 1956.
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
„Балетскиот ансамбл на Игор Мојсеев“ („Државен академски ансамбл на народни игри Игор Мојсеев“) и понатаму гостува ширум светот. Тој е исто така многу познат и во Русија и често се појавува на сцената на театарот „Болшој“.
Руски танц, Ансамблот на Игор Мојсеев, 1957.
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
На репертоарот на балетскиот ансамбл на Игор Мојсеев имаше околу 200 „танци на народите на СССР“, ако не и повеќе.
„Метелица“ („Виулица“), од 1950-тите.
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Украински танц, Ансамблот на Игор Мојсеев
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Во 1948 година е основан женскиот ансамбл „Берјозка“ кој исто така стана многу популарен и изведува првенствено руски и словенски танцови композиции.
Ансамбл „Берјозка“ на сцена, 1970-тите.
Јуриј Садовников/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Народниот танц стана толку познат што повеќето кореографски училишта отворија посебни одделенија за обука.
Познатиот танчар Лав Голованов изведува руски танц
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Наведуваме само некои од народните танци масовно изведувани во СССР.
Руски танц
Семјон Мишин-Моргенштерн/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Украински танц „хопак“
Осетински танц
Семјон Мишин-Моргенштерн/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Калмички танц
Семјон Мишин-Моргенштерн/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Естонски танц
Евгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Молдавски танц
Eвгениј Умнов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru