Советски и руски вселенски бродови во филмови и серии (ФОТОГРАФИИ)

Култура
RUSSIA BEYOND
Како различни филмски творци ги замислуваа вселенските летови во советски летала.

Во новата сезона на серијата „For All Mankind“ („За целото човештво“) меѓу СССР и НАСА се води трка за Марс. Станува збор за серија за алтернативната историја на космонаутиката, во која дејството се одвива во свет каде Советскиот Сојуз прв слетал на Месечината, а Американците морале да му испратат нов предизвик на својот конкурент.

Пред почетокот на третата сезона, од космодромот полета советскиот вселенски брод „Марс 95“(во оваа реалност СССР не се распаднал и Горбачов сé уште е на власт) и пред нас е нова трка.

Многу филмаџии фантазираа за тоа како би можеле да изгледаат истражувањата на вселената и вселенската индустрија. Понекогаш тие претстави беа наивни (а вселенските бродови потсетуваа на забавен парк), а понекогаш беа далеку пред своето време. Со какви вселенски бродови летаа СССР и Русија во филмовите и сериите?

Тоа беше прилично примитивен поглед на патувањата на други планети. Во советскиот филм „Планетата на бурите“ на Павел Клушанцев, во експедиција на Венера тргнуваат три брода од ист тип: „Капела“, „Вега“ и „Сириус“. Последниот успева да стигне на целта, но, за волја на вистината, тој вселенски брод изгледа како ракета од детско игралиште.

„Тантра“ беше практично првиот грандиозен ѕвезден брод во советската кинематографија кој не изгледаше како обична ракета. Според заплетот на филмот, бродот слетува на непозната планета и луѓето се борат против непријателските форми на живот.

„Зора“, во која група ученици лета меѓу планети, претставува фантазија за можната иднина: во времето на снимањето на филмот, дизајнот и опремата на ѕвездениот брод беа околу две децении пред реалните можности.

Во дводелниот филм на режисерот Ричард Викторов, дејството се врти околу ѕвездениот брод „Астра“. Тој лета низ вселената со цел да спаси различни цивилизации од техногени катастрофи и изгледа како летечка чинија.

Вселенскиот брод од советската надреалистичка дистопија изгледа како стара конзерва, но токму тој ѝ прирасна за срцето на советската публика.

Во ваков футуристички ѕвезден брод „Пегаз“ патуваат во вселената ликовите од научно-фантастичниот филм на Кир Буличов: бестрашното девојче Алиса и нејзините пријатели.

Во продолжението на култниот филм „2001: Вселенска одисеја“ на Стенли Кјубрик, меѓупланетарниот советски вселенски брод „Алексеј Леонов“ (именуван по советскиот космонаут кој беше првиот што излезе во отворена вселена) со советско-американски екипаж лета на Јупитер. Бродот изгледа како комплетна станица и е значително „подебел“ од неговиот филмски претходник - бродот „Дискавери“ од Одисеја.

Најблиска иднина. Вирусот што ја нападнал Земјата може засекогаш да ја уништи. За да се спасат, вселенска мисија лета на друга планета. И тоа го прави во брод кој неверојатно потсетува на советскиот шатл „Буран“, кој во реалноста никогаш никаде не полета (а сигурно не беше предвиден за интергалактички летови).