- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe
На креаторот на проектот Сергеј Морозов му беа потребни речиси пет години секојдневна работа со околу 150 стручњаци за да реализираат 800 квадратни метри на Русија во мало. Макетата го доловува секојдневниот живот на оваа земја кој не запира ниту за миг, сé од Камчатка па до Калининград.
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова
За автентичноста на поставката придонесуваат тракторите, камионите, возовите кои сообраќаат од запад кон исток и обратно (патувањето во еден правец трае 18 минути). Впечатокот на реален живот го засилуваат аудио-ефекти како звукот на хеликоптерите во воените подрачја, авионите на аеродромите, најавите за пристигнување на железнички композиции, додека на бреговите се слушаат галеби, а во Петербург повици за обиколка на реки и канали.
Jулиja Хакимова
„Нашата макета е уметнички, севкупен приказ на Руската Федерација. За детално да се прикажат сите руски градови би требало да изградиме десетици стадиони. Сепак, до географијата се држевме прецизно. И како што се случува во реалниот живот, новиот ден и овде започнува на исток“, вели директорот за развој на музејот Елена Цветкова.
Во тој момент во десниот дел на салата се гаснат светлата и на макетата се палат светла. На небото на изложбениот простор се пали руската тробојка.
Jулиja Хакимова
Денот и ноќта во минијатурна Русија траат петнаесет минути. Тринаесет минути денот, а ноќта две. „Ноќниот живот на макетата автоматски се активира штом ќе се стемни на нашето вештачко небо. Се вклучуваат уличните светла, светилките, се палат светлата во становите. Сé како во реалноста“, напоменува Елена.
Jулиja Хакимова
Во средината на салата се протега Уралскиот планински венец. Тука е крстосницата за посетителите, лево е Европа, а десно Азија. Над неа се наоѓа „воздушен мост“ за возовите. Над главите на посетителите има проѕирна пластична цевка низ која се движат возовите. Овде се наоѓа пунктот за мониторинг на автомобилскиот и железничкиот сообраќај како на макетата, така и под неа.
Jулиja Хакимова
Автомобилскиот сообраќај, како извор на енергија за возилата за прв пат применет во изработката на макети користи електромагнетна индукција. Автомобилите го осветлуваат ноќниот пат со своите фарови, реагираат на стоп-светлата и ги вклучуваат трепкачите кога свртуваат. Автобусот вози строго до станица, а камионот во магацин.
Јулија Хакимова
„Тие се како риби во аквариум, никогаш не ја напуштаат макетата ниту пак се судираат едни со други. Ако постои пат, паметното возило само ја избира својата рута на движење. Транспортниот систем е наше техничко ноу-хау кое никому досега не му пошло од рака да го повтори. Софтверот, плочите се развиваат во музејската работилница“, нагласува Елена.
Jулиja Хакимова
Долж целата макета има копчиња кои активираат интерактивни сценарија како што се гаснење на шумски пожар, исфрлање пепел на вулканите на Камчатка, постројување на воен полигон, парада, пилање дрва и друго. Има и статични сцени, но сето тоа заедно треба да го прикаже секојдневниот живот на Русите во селата и во фабриките, на железничките станици и во болниците, на градските улици и во рудниците.
Jулиja Хакимова
„Никој не знае точно колку човечки фигури има на макетата, но сигурно ги има стотици илјади. Но, ниту една од нив не е поставена туку така, секоја си има своја мала судбина, затоа макетата се доживува како жив организам. Железничкиот сообраќај ги претставува крвните садови, целокупната електроника мозокот, а луѓето срцето“, посочува Елена.
Jулиja Хакимова
Има и смешни сцени, кога мажите во Сибир страсно играат домино, жена во Санкт Петербург фрла од балкон работи на главата на својот неверен сопруг, некаде на Урал телевизиска екипа снима репортажа за мистериозни кругови во житото, затвореници копаат канал, не знаејќи дека ќе се најдат директно во куќичката на чуварот, а на гробиштата седи загадочен гогољевски ѓавол. На слични скриени предмети, алузии и асоцијации може да се наиде на целата макета.
Jулиja Хакимова
Поставката, според замислата на нејзините креатори, треба максимално сликовито да покаже како всушност живеат земјата и луѓето. Овде може да се наиде на клучните индустриски градби и географски објекти, како и на најважните знаменитости.
Jулиja Хакимова
Еден од најпопуларните експонати е вулканот на Камчатка. Ноќе, кога ќе се изгасне светлото во салата, на Далечниот Исток започнува неверојатна претстава.
Важните историски настани за Русите - Октомвриската револуција и Втората светска војна, авторите ги прикажаа во вид на сет, на кој „жителите“ на макетата го снимаат пристигнувањето на возот со царското семејство и битката кај Курск. Макетата има и свој Бесмртен полк, 520 фигури кои носат портрети на воени херои. На нив се вистински победници, бабите и дедовците на вработените во Музејот.
Jулиja Хакимова
Музејот неодамна (на 8 јуни) ја прослави својата десетгодишнина од постоењето. Макетата е дополнета со објекти посветени на Олимпијадата, но и на пандемијата.
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова
Пред почетокот на сеопштиот локдаун, странските гости беа исклучително заинтересирани за „Гранд Макет Росија“, па се случуваше меѓу посетителите во салата да има и државјани на 18 земји, вели Елена.
Jулиja Хакимова
За обиколка на макетата и внимателно разгледување на сите детали и сцени може да бидат потребни и пет часа. Но, искуство е пред сé ветувачки тизер кој дава можност за избор на нови рути за запознавање на Русија.
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова
Jулиja Хакимова